Постпородилна депресија, кога радоста недостасува

Раѓањето на бебе често се опишува како најсреќниот момент во животот. Но што кога радоста не доаѓа? Кога наместо исполнетост, се јавуваат тага, празнина и чувство на вина?

Постпородилна депресија, кога радоста недостасува

Постпородилната депресија е реална, честа и не е знак на слабост, себичност или неблагодарност. Таа е состојба што заслужува разбирање и навремена поддршка.

 

Што е постпородилна депресија?

Постпородилната депресија е нарушување на расположението што може да се појави неколку недели или месеци по породувањето. Таа е поинтензивна и подолготрајна од т.н. „бејби блуз“, кој обично поминува сам по себе.

 

Како се манифестира?

Симптомите не се исти кај секоја жена, но најчесто вклучуваат:

  • постојана тага или празнина,
  • губење интерес за работи на кои порано се радувале,
  • чувство дека „не си добра мајка“,
  • плач без очигледна причина,
  • анксиозност или напади на паника,
  • проблеми со спиење, па дури и кога бебето спие,
  • повлекување од блиските.

Некои мајки чувствуваат љубов кон бебето, но немаат радост, што дополнително создава вина.

 

Зошто се појавува?

Постпородилната депресија е резултат на комбинација од:

-          Хормонални промени. Наглиот пад на естроген и прогестерон силно влијае на мозочната хемија.

-          Физичка и емоционална исцрпеност. Недостатокот на сон, болка и новите одговорности го исцрпуваат организмот.

-          Психолошки притисок. Очекувањето дека мајчинството мора да биде совршено ја зголемува внатрешната борба.

-          Недостаток на поддршка. Осаменоста и чувството дека „мораш сама“ се силни ризик-фактори.

 

Што не е постпородилната депресија?

Постпородилната депресијате  не е ретка изолирана појава и не е знак дека не го сакаш бебето. Ниту пак е нешто што „ќе помине ако се потрудиш“.

 

Кога да побараш помош?

Ако симптомите: траат повеќе од две недели, се влошуваат и го попречуваат секојдневното функционирање помошта не треба да се одложува. Разговор со лекар, психолог или психијатар може да направи огромна разлика и да помогне да се продолжи односно започне со нормално функционирање во постпородилниот период.

 

Како изгледа закрепнувањето?

Со соодветна поддршка, закрепнувањето е можно и реално. Може да вклучува: психотерапија, поддршка од партнерот и семејството, медицинска терапија кога е потребно, грижа за основните потреби како сон, балансирана исхрана, одмор и слично.

 

Порака до мајките

Ако радоста недостасува, не значи дека нешто е погрешно.Потребна е грижа и лекување исто како и на секоја друга рана. Да се побара помош е чин на љубов кон себе и кон бебето.

 

Постпородилната депресија не го дефинира мајчинството. Таа е состојба што може да се лекува, а не емоција што треба да се трпи. Радоста може да се врати. И запомни ваквите состојби не ти се случуваат само на тебе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет