Поезија: Немир

Поезија на Кети Николоска

Поезија: Немир

На прсти пополека, внимателно,

како да сум некој крадец,

чекорам тивко, нечујно,

со душа на преплашен врабец.

 

Се плашам од мисли убави,

се плашам од мисли лоши,

се плашам од луѓе сурови,

Се плашам од зависта,

 времето што го троши.

 

Сакам спокој,

во  души- храмови,

сакам сонце,

од земјата- дарови,

сакам почит,

да бега од мене стравот,

сакам на убавината,

да не и дојде крајот.

 

Ајде дојди, приближи се,

врати ја мојата верба,

нека немирот исчезне,

не сакам  повторна средба.

 

 

 

Автор: Кети Николоска - Прилеп

11.05.2020год.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет