Рутина за спиење според возраста на детето

Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и однесување кај децата. Со воспоставување стабилни навики уште од најрана возраст, детето полесно заспива, има поквалитетен сон и се буди поодморено.

Рутина за спиење според возраста на детето

 

Зошто е важна рутината?
Редовното време за спиење му помага на телото да развие природен ритам, познат како Циркадијален ритам. Кога овој ритам е стабилен, детето полесно се смирува и заспива без отпор.
0-3 месеци
Во овој период, бебињата немаат воспоставен ритам.
Што да правите?
Следете ги сигналите за сон како зевање, триење очи и слично. 
Создадете мирна средина. 
Разликувајте ден и ноќ, нека биде светло преку ден, тивко и темно навечер 
Нема строга рутина, но постепено треба да се воведуваат навики.
3-6 месеци
Во овој период почнува да се формира ритамот.
Рутината од бањање, хранење, тивка активност како приказна или музика и легнување во исто време и нејзиното повторување создава чувство на сигурност.
6-12 месеци
Бебињата во овој период веќе ја препознаваат воспоставената рутина.
Се препорачува:
конзистентно време за спиење, 
кратка и предвидлива рутина од 15 до 30 минути, 
избегнување преголема стимулација пред спиење. 
Ова е период кога се учи самостојно заспивање.
1-3 години
Малите деца имаат потреба од стабилност.
Рутината во овој период може да вклучува: вечера, бањање, приказна, гушкање и смирување.
Важно е да се избегнуваат екрани пред спиење.
3-6 години
Децата веќе разбираат и очекуваат рутина.
Совети:
исто време за легнување секоја вечер,
кратка приказна или разговор за денот,
смирувачка атмосфера. 
Ова помага за емоционална сигурност на детето.
Школска возраст
Потребен е баланс меѓу обврските и одморот.
Фокусот ставете го на редовен распоред, ограничување на времето поминато пред екрани и доволно време за релаксација пред спиење. 
Општи правила за сите возрасти
Треба да се има секогаш исто време за спиење. 
Да се обезбеди мирна и затемнета просторија. 
Да се избегнува седење пред екрани барем 1 час пред спиење.
Треба да постои конзистентност дури и за време на викенди.
Рутината за спиење не е строга дисциплина, туку навика што му помага на детето да се чувствува сигурно и смирено. Со постепено воведување и доследност, спиењето станува полесен и пријатен дел од секојдневието.
Добриот сон е темел за здрав раст, развој и среќно детство.

Зошто е важна рутината?

Редовното време за спиење му помага на телото да развие природен ритам, познат како циркадијален ритам. Кога овој ритам е стабилен, детето полесно се смирува и заспива без отпор.

 

0-3 месеци

Во овој период, бебињата немаат воспоставен ритам.

Што да правите? 

  • Следете ги сигналите за сон како зевање, триење очи и слично.
  • Создадете мирна средина.
  • Разликувајте ден и ноќ, нека биде светло преку ден, тивко и темно навечер

Нема строга рутина, но постепено треба да се воведуваат навики.

 

3-6 месеци

Во овој период почнува да се формира ритамот.

Рутината од бањање, хранење, тивка активност како приказна или музика и легнување во исто време и нејзиното повторување создава чувство на сигурност.

 

6-12 месеци

Бебињата во овој период веќе ја препознаваат воспоставената рутина.

Се препорачува:

  • конзистентно време за спиење,
  • кратка и предвидлива рутина од 15 до 30 минути,
  • избегнување преголема стимулација пред спиење.

Ова е период кога се учи самостојно заспивање.

 

1-3 години

Малите деца имаат потреба од стабилност.

Рутината во овој период може да вклучува: вечера, бањање, приказна, гушкање и смирување.

Важно е да се избегнуваат екрани пред спиење.

 

3-6 години

Децата веќе разбираат и очекуваат рутина.

Совети:

  • исто време за легнување секоја вечер,
  • кратка приказна или разговор за денот,
  • смирувачка атмосфера.

Ова помага за емоционална сигурност на детето.

 

Школска возраст

Потребен е баланс меѓу обврските и одморот.

Фокусот ставете го на редовен распоред, ограничување на времето поминато пред екрани и доволно време за релаксација пред спиење.

 

Општи правила за сите возрасти

  • Треба да се има секогаш исто време за спиење.
  • Да се обезбеди мирна и затемнета просторија.
  • Да се избегнува седење пред екрани барем 1 час пред спиење.
  • Треба да постои конзистентност дури и за време на викенди.

 

Рутината за спиење не е строга дисциплина, туку навика што му помага на детето да се чувствува сигурно и смирено. Со постепено воведување и доследност, спиењето станува полесен и пријатен дел од секојдневието.

Добриот сон е темел за здрав раст, развој и среќно детство.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет