cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Опасности што се кријат во базените: Како да се заштитите?

Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасности.

Опасности што се кријат во базените

Базените можат да бидат извор на различни инфекции ако не се одржуваат правилно или ако посетителите не ги почитуваат хигиенските препораки. Еве што треба да знаете за најчестите зарази што можат да се пренесат во и околу базените.

 

Најчести инфекции поврзани со базени:

1. Гастроинтестинални инфекции

Причинети од бактерии како E. coli, Cryptosporidium и Giardia. Се пренесуваат преку проголтување загадена вода. Дури и мала количина може да предизвика сериозна стомачна инфекција кај деца и возрасни.

2. Габични инфекции

Најчесто појавата на габички на стапалата (атлетско стопало), но и инфекции на кожата и ноктите. Влажната околина е совршена за нивен развој, особено во тушеви и соблекувалните.

3. Инфекции на очите и ушите

Црвени, иритирани очи може да бидат последица на конјунктивитис, додека "swimmer’s ear" (воспаление на ушниот канал) е честа појава при престој во вода без соодветна заштита.

4. Инфекции на уринарниот тракт

Овие инфекции се јавуваат особено кај жени, поради контактот со нечиста вода или задржување во мокар костим за капење долго време.

 

Како да се заштитите?

- Туширајте се пред и по влегување во базен
- Не влегувајте во вода ако имате дијареа или кожни осипи
- Потсетете ги децата да не голтаат вода
- Носете соодветни обувки во соблекувалните и тушевите
- Пресоблечете го мокриот костим веднаш по капењето
- Избегнувајте базени кои имаат чудна боја, мирис или се очигледно нечисти

 

Кога да се обратите на лекар?

Ако почувствувате стомачни болки, дијареа, чешање, црвенило или болки во ушите неколку дена по посетата на базен, не ги игнорирајте овие симптоми. Подобро е да побарате лекарски совет, ова особено важи кај децата и бремените жени.

Базените можат да понудат релаксација и разладување, но и потенцијален ризик ако не се користат внимателно. Со соодветна лична хигиена и информираност, можете безбедно да уживате во водените активности и да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашето семејство.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет