Одлука за бебе - првиот преглед кај специјалист

Првиот преглед не треба да биде лавина од анализи. Добар специјалист прво ќе земе детална анамнеза односно историја на циклуси, претходни бремености, операции, инфекции, животни навики, па дури потоа ќе предложи таргетирани испитувања.

Одлука за бебе - првиот преглед кај специјалист

Основни испитувања за жената

1. Гинеколошки преглед и трансвагинален ултразвук. Овој преглед опфаќа:

  • проценка на матка и јајници,
  • број на антрални фоликули кои се индикатор за јајникова резерва,
  • исклучување цисти, миоми или други промени.

 

2. Хормонален профил

Најчесто се прави на 2риот до 5тиот ден од циклусот: FSH, LH, естрадиол, пролактин и TSH (тироидна функција).

Во одредени случаи се прават и: AMH (проценка на јајникова резерва) и прогестерон за потврда на овулација.

 

3. Основни лабораториски анализи

  • Крвна слика.
  • Железо.
  • Витамин Д (по потреба).
  • Гликемија.

.

4. Микробиолошки брисеви ако има индикација

Само ако постојат симптоми или историја на инфекции.

 

5. ПАП тест

Ако не е направен во последната година.

 

Што е навистина важно за мажот?

1. Спермограм

Ова е клучна анализа и често прв чекор. Проценува: број на сперматозоиди, подвижност и морфологија.

Во многу случаи, оваа анализа дава јасна насока уште на почетокот.

 

Кога се прават дополнителни тестови?

Само ако постои индикација, како:

  • HSG (проверка на проодност на јајцеводи),
  • хистероскопија,
  • генетски тестирања,
  • имунолошки испитувања.

Овие не се рутина за секој пар.

 

Што не е секогаш потребно веднаш?

  • Скапи генетски панели без индикација.
  • Десетици хормони без клиничка причина.
  • Инвазивни процедури без претходна основна проценка.

Добриот пристап е постепен и индивидуализиран.

 

Кога да побарате преглед?

  • По 12 месеци редовни обиди под 35 години.
  • По 6 месеци над 35 години.
  • Порано ако има нередовни циклуси, познати хормонални проблеми или претходни операции.

 

Првиот специјалистички преглед не треба да создава страв, туку јасност. Во најголем број случаи, неколку добро избрани анализи се доволни за да се добие насока и план.

Информираноста штеди време, пари и најважно емоционална енергија.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет