Најважни здравствени навики пред планирање бременост
Планирањето бременост започнува со грижата за телото и менталното здравје. Малите промени во навиките можат значително да ја зголемат шансата за здрава бременост и полесен тек.
1. Балансирана и нутритивно богата исхрана
Исхраната има директно влијание врз хормоните и плодноста.
- Внесувајте повеќе свежо овошје и зеленчук.
- Избирајте за својата исхрана цели житарки наместо рафинирани производи.
- Вклучи протеини во исхраната преку консумирање на риба, јајца, мешунки и друго.
- Намалете со консумација ма шеќер, брза храна и транс масти.
2. Редовна физичка активност
Умереното движење го подобрува хормоналниот баланс и циркулацијата.
- Практикувајте пешачење, јога или пливање.
- Правете го тоа 3 до 5 пати неделно, без преголем напор.
- Избегнувајте екстремни тренинзи ако телото е исцрпено.
3. Контрола на телесна тежина
И преголема и прениска тежина може да влијае на овулацијата.
- Одржувајте здрав БМИ – индекс на телесна маса.
- Избегнувајте диети со брзи резултати.
- Внесувајте постепени и стабилни промени.
4. Витамини и суплементи со совет од лекар
Одредени хранливи материи се клучни уште пред зачнување, како што се:
- фолна киселина која е многу важна за развојот на бебето,
- витамин Д,
- железо и омега-3 масни киселини по потреба.
5. Откажување од штетни навики
Ова е еден од најважните чекори.
- Ако сте пушач прекинете со пушење.
- Избегнувајте внес на алкохол.
- Намалете со внес на кофеин.
- Бидете внимателни со замање лекови без препорака од лекар.
6. Управување со стрес
Стресот може да влијае на хормоните и циклусот.
- Научете техники на дишење и релаксација.
- Имајте доволен и квалитетен сон, на пример 7 до 9 часа.
- Одвојте време за одмор и ментална рамнотежа.
7. Редовни гинеколошки прегледи
Превенцијата е клучна пред бременост.
- Направете проверка на хормоналниот статус.
- Направете ПАП тест и ултразвук по препорака на лекар.
- Консултирајте се со стручно лице за хронични состојби ако постојат.
Подготовката за бременост е процес на грижа за целото тело, физички, хормонално и емоционално. Со стабилни навики и навремена медицинска поддршка, се создава најдобра основа за здрава бременост и развој на бебето.





