cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Предконцепциски преглед, зошто е важен?

Предконцепцискиот преглед е лекарска консултација што се прави пред планирање на бременоста.

Предконцепциски преглед, зошто е важен?

Иако многу парови почнуваат со обиди без претходна подготовка, овој преглед може значително да помогне за подобро репродуктивно здравје и поздрава бременост.

 

Што претставува предконцепциски преглед?

Тоа е проценка на здравствената состојба на жената, а понекогаш и на партнерот, пред зачнувањето. Целта е да се откријат можни ризици и навреме да се подобрат условите за успешна бременост.

 

Зошто овој преглед е важен?

1. Откривање на здравствени проблеми

Некои состојби можат да влијаат на плодноста или бременоста, како: проблеми со тироидната жлезда, анемија, дијабетес, инфекции и хормонален дисбаланс. Навременото откривање овозможува подобра контрола и подобро третирање пред бременост.

 

2. Проценка на плодноста

Лекарот може да направи проценка на менструалниот циклус, овулацијата, репродуктивното здравје и евентуално присуство на фактори за неплодност.

 

3. Подготовка на телото за бременост

Во оваа фаза често се препорачува:

  • внес на фолна киселина,
  • подобрување на исхраната,
  • регулирање на тежината,
  • прекин на пушење и внес на алкохол.

 

4. Проверка на лекови и навики

Некои лекови или навики можат да влијаат на бременоста, па лекарот може да даде насоки за:

  • замена со безбедни терапии,
  • физичка активност,
  • подобрување на исхраната и земање на суплементи.

 

5. Генетско и семејно советување

Ако постои семејна историја на генетски заболувања, претхосни спонтани абортуси или претходни компликации може да се препорача дополнителна проценка.

 

Што може да вклучува прегледот?

  • гинеколошки преглед,
  • лабораториски анализи,
  • хормонски тестови,
  • проверка на вакцинација,
  • разговор за животниот стил и навики.

 

Кога е најдобро да се направи?

Најидеално време да се направи овој преглед е 3 до 6 месеци пред да почнете со обиди за бременост. Ова дава време за подобрување на здравјето и корекција на евентуални проблеми.

 

Предконцепцискиот преглед е важен чекор што помага бременоста да започне во најдобри можни услови. Тој не гарантира совршена бременост, но значително помага во навремено откривање и превенција на ризици.

Подготовката пред зачнување е инвестиција во здравјето на мајката и идното бебе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет