Што е базална температура и зошто е важна?
Базалната температура е најниската телесна температура што телото ја има во состојба на целосен одмор, најчесто измерена наутро веднаш по будење, пред било каква физичка активност.
Овој едноставен показател често се користи за следење на плодноста и разбирање на менструалниот циклус.
Што ни кажува базалната температура?
Базалната температура се менува во текот на циклусот под влијание на хормоните, особено на прогестеронот.
Во текот на циклусот пред овулација базалната температура е пониска, а по овулацијата се зголемува за 0.2 до 0.5°C.
Ако нема бременост повторно опаѓа пред менструација, ако има бременост останува повисока.
Врска со овулацијата
Промената на температурата помага да се утврди кога се случила овулацијата.
Важно е да се знае дека базалната температура не ја предвидува овулацијата, туку ја потврдува откако ќе се случи.
Зошто е важна?
Следењето на базалната температура може да помогне во:
- препознавање на плодните денови,
- подобро разбирање на циклусот,
- планирање бременост,
- откривање на неправилности во циклусот.
Како правилно се мери?
За најточни резултати се мери секое утро во исто време веднаш по будење, пред станување од кревет и со ист термометар.
Што може да влијае на резултатите?
- недоволен сон,
- болест или инфекција,
- стрес,
- алкохол,
- различно време на мерење.
Базалната температура е едноставен, но многу корисен показател за разбирање на плодноста и менструалниот циклус. Со редовно следење, може да се добие јасна слика за овулацијата и хормоналните промени во телото.





