Нов лек за неплодност кај жените?!
Британските научници откриле хормон кој би можел да ги активира половите хормони потребни за овулација и плодност

Кишпертин е главниот регулатор на репродукцијата и луѓето без тој хормон не поминуваат низ пубертетот. Научниците укажуваат на тоа дека неодамна е откриено дека хормоот го активира отпуштањето на половите хормони кои го контролираат менструалниот циклус кај неплодните жени.
Пет жени, кај кои е потврдена неплодност и кои немале менструален циклус, добиле инјекција кишпертин, што резултирало со 48 пати зголемено лачење на лутеинизирачки хормон и 16 пати поголемо лачење на фоликуло-стимулирачки хормон.
Истражувачите веруваат дека нивното откритие би можело да доведе до нов начин на лечење на неплодноста кај жените кај кои нивото на половите хормони е ниско.
Др. Валјит Дило изјавува:”Истражувањето покажува дека кишпертинот е хормон кој ветува многу во лечењето на неплодноста, бидејќи според добиените резултати, може да се врати репродуктивната функција кај жените кои имаат ниско ниво на полови хормони.”