Нередовен циклус: што може да стои зад тоа?
Менструалниот циклус е еден од најважните показатели за женското здравје. Кај повеќето жени тој трае од 21 до 35 дена, но кога циклусот е непредвидлив, преголем или предолг, тоа може да создаде загриженост.

Нередовниот циклус не е секогаш причина за паника, но честопати е сигнал дека телото се обидува да каже нешто повеќе.
Што значи нередовен циклус?
Нередовен циклус може да значи: менструација која доцни или доаѓа порано од очекуваното, прескокнати месеци, крварење кое трае подолго од вообичаеното или е многу обилно, кратки и чести циклуси.
Можни причини за нередовен циклус
1. Хормонален дисбаланс
Нарушувањето на нивото на естроген и прогестерон е најчеста причина. Особено кај адолесцентки и жени пред менопауза, циклусот може да биде непредвидлив.
2. Стрес и начин на живот
Хроничниот стрес, недостатокот на сон и екстремните диети можат директно да влијаат на регуларноста на циклусот. Телото реагира на промените и ги менува приоритетите. Промените на циклусот се „на прво место“ кога организмот е под притисок.
3. Синдром на полицистични јајници (PCOS)
Една од најчестите ендокрини состојби кај жени во репродуктивна возраст. PCOS предизвикува нередовни овулации, акни, зголемена влакнавост и потешкотии со забременување.
4. Нарушувања на тироидната жлезда
И хипотироидизмот и хипертироидизмот можат да доведат до промени во циклусот, бидејќи тироидните хормони имаат директно влијание врз репродуктивниот систем.
5. Промени во тежината
Брзото слабеење, дебелеење или екстремна физичка активност, на пример кај спортистки, може да го пореметат циклусот.
6. Медицински состојби и лекови
Некои воспалителни заболувања, хронични болести, како и употребата на одредени лекови или хормонална терапија, можат да влијаат на менструалниот циклус.
Кога треба да се загрижиш?
Обратете се кај гинеколог ако: имате прескокнати циклуси подолг временски период, крварењето е екстремно обилно или трае повеќе од 7 дена, циклусот е придружен со силна болка, постојат симптоми како прекумерна влакнавост, акни или нагли промени во тежината.
Како да си помогнеш себеси?
- Води календар на циклусот за да забележиш обрасци и промени.
- Одржувај здрав начин на живот: балансирана исхрана, редовно движење и доволен сон.
- Научи техники за намалување на стрес како јога, медитација, длабоко дишење.
- Редовно прави гинеколошки прегледи.
Нередовниот циклус не мора секогаш да значи сериозен проблем, но е знак дека нешто во телото не е во рамнотежа. Наместо да го игнорирате, слушајте ги сигналите и побарајте стручно мислење. Здравиот циклус е огледало на целокупното женско здравје.