cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Најчести здравствени проблеми во бременоста

Бременоста е природен, но комплексен период во кој телото минува низ бројни физички и хормонални промени. Повеќето симптоми се нормален дел од адаптацијата, но некои здравствени проблеми се јавуваат почесто и бараат внимание и следење.

Најчести здравствени проблеми во бременоста

1. Утрински мачнини и повраќање

Ова е еден од најчестите симптоми, особено во првиот триместар.

Може да вклучува:

  • мачнина наутро или во текот на денот,
  • чувствителност на мириси,
  • повраќање,
  • намален апетит.

Кај повеќето трудници, овие симптоми постепено се намалуваат.

 

2. Замор и недостаток на енергија

Поради хормоналните промени и зголемените потреби на телото, често се јавуваат: поспаност, слабост и чувство на исцрпеност. Затоа одморот и квалитетниот сон се особено важни во текот на бременоста.

 

3. Болки во грбот и карлицата

Со растот на бебето и промената на тежиштето, може да се јават:

  • болки во долниот дел на грбот,
  • притисок во карлицата,
  • непријатност при движење.

 

4. Задржување течности и отоци

Пораси задржувањето на течности се јавуваат: отечени стапала, оток на глуждови и чувство на тежина. Благ оток може да биде нормален, но нагло отекување треба да се следи.

 

5. Горушица и дигестивни проблеми

Хормоните и притисокот од матката можат да предизвикаат: горушица, надуеност, запек и побавно варење.

 

6. Анемија

Недостатокот на железо е чест проблем во бременоста и може да предизвика: вртоглавица, слабост, замор и бледило. Поради тоа редовните лекарски контроли се важни.

 

7. Гестациски дијабетес

Кај некои жени се јавува покачен шеќер во крвта за време на бременоста. Заради следење на состојбата и избегнување на компликации редивно се следат: шеќерот во крвта, начинот на исхрана и телесната тежина.

 

8. Висок крвен притисок

Ова може да биде ризик за мајката и бебето ако не се следи навреме.

Симптоми што бараат внимание се: силна главоболка, заматен вид, нагло отекување, и висок притисок.

 

9. Инфекции

Во бременоста често може да се појават: уринарни, вагинални и габични инфекции.

 

Кога да се побара лекар?

Веднаш консултирајте лекар ако имате:

  • силна болка,
  • висока температура,
  • крварење,
  • намалени движења на бебето,
  • силен оток или проблеми со видот.

 

Многу здравствени проблеми во бременоста се чести и успешно се контролираат со навремени прегледи и добра грижа. Следењето на симптомите и редовната комуникација со лекарот се клучни за безбедна и здрава бременост.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет