cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто мојот стомак има „нерамнини“ во бременоста?

Многу трудници забележуваат дека стомакот не расте рамномерно, туку понекогаш изгледа „направен со линии“, испакнат од едната страна или со нерамна форма. Ова може да изгледа чудно, но најчесто е сосема нормално.

Зошто мојот стомак има „нерамнини“ во бременоста?

1. Позицијата на бебето

Најчеста причина за „аглест“ или нерамномерен стомак е положбата на бебето.

Бебето може: да биде свртено на една страна, да лежи дијагонално и да се истегнува во одреден момент. Кога тоа се случува, една страна од стомакот изгледа поиздадена.

Ова е дел од нормалната динамика на бременоста.

 

2. Движења и истегнување на бебето

Кога бебето: клоца, се истегнува или ја менува положбата може да создаде локализирани „испакнатини“ кои изгледаат како агли или тврди делови.

 

3. Тонус на матката

Матката не е секогаш целосно опуштена. Понекогаш таа е поцврста од едната страна, некогаш реагира на движење или активност и може кратко да се затегне.

 

4. Количина на амнионска течност

Течноста околу бебето не е рамномерно распределена во секој момент, што може да влијае на обликот на стомакот.

 

5. Телесна градба на мајката

Обликот на стомакот зависи и од:

  • мускулите на стомакот,
  • положбата на карлицата,
  • телесната градба,
  • претходни бремености.

 

Кога е нормално, а кога не?

Нормално е ако:

  • стомакот се менува во текот на денот,
  • нема силна болка,
  • бебето се движи нормално.

Побарајте лекар ако:

  • имате силна, постојана болка,
  • стомакот е тврд и чувствувате болки подолго време,
  • чувствувате намалени движења на бебето.

 

Нерамномерниот стомак во бременост најчесто е само одраз на тоа како бебето се движи и се позиционира. Телото постојано се менува и се прилагодува за да му даде простор на бебетео кое расте во него.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет