Најчести симптоми пред менструација

Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат физички и емоционални промени.

Најчести симптоми пред менструација

Овие симптоми се дел од предменструалниот синдром (ПМС) и се резултат на природните хормонални промени што се случуваат во текот на менструалниот циклус. Кај некои жени симптомите се благи, додека кај други можат значително да влијаат врз секојдневното функционирање.

 

1. Болка и чувствителност во градите

Еден од најчестите симптоми пред менструација е чувството на напнатост или болка во градите.

Може да се јави:

  • чувствителност при допир,
  • отекување на градите,
  • чувство на тежина или затегнатост.

 

2. Грчеви и болка во долниот дел на стомакот

Некои жени чувствуваат лесни грчеви уште пред да започне менструалното крвавење. Болката може да биде блага или умерена, повремена или постојана и проследена со болка во долниот дел на грбот.

 

3. Промени во расположението

Хормоналните осцилации можат да влијаат на емоциите.

Чести промени се:

  • раздразливост,
  • анксиозност,
  • тажно расположение,
  • променливо расположение,
  • намалена концентрација.

 

4. Подуеност

Многу жени чувствуваат задржување на течности непосредно пред менструацијата.

Најчести знаци се: подуен стомак, чувство на тежина, отекување на рацете или стапалата.

 

5. Главоболка

Промените во нивото на естрогенот можат да предизвикаат главоболка или мигрена кај некои жени. Главоболката може да биде блага, умерена. Поизразена е кај жени кои имаат мигрена.

 

6. Замор и недостаток на енергија

Во деновите пред менструацијата можно е да се чувствувате поуморно од вообичаено.

Може да се појават:

  • намалена енергија,
  • поспаност,
  • намалена мотивација за секојдневни активности.

 

7. Промени во апетитот

Кај многу жени се јавува желба за одредени намирници.

Најчесто се јавува желба за:

  • чоколадо,
  • благо,
  • солена храна,
  • брза храна.

 

8. Појава на акни

Хормоналните промени можат да влијаат врз кожата. Најчесто се појавуваат акни на лицето. Бидејќи кожата станува помасна, па може да се појават мозолчиња на брадата и вилицата.

 

9. Промени во варењето

Некои жени забележуваат промени во работата на дигестивниот систем. Можно е да се јават: запек, дијареја, гасови и непријатност во стомакот.

 

10. Проблеми со спиењето

Пред менструацијата може да се наруши квалитетот на сонот.

Некои жени имаат:

  • потешкотии со заспивањето,
  • често будење во текот на ноќта,
  • немирен сон.

 

Кога симптомите не се нормални?

Доколку симптомите се многу изразени и го нарушуваат секојдневниот живот, потребно е да се консултирате со гинеколог.

Побарајте лекарски совет ако:

  • болките се многу силни,
  • крвавењето е обилно или трае подолго од вообичаено,
  • симптомите значително влијаат на работата, училиштето или секојдневните активности,
  • имате силни промени во расположението или симптоми на депресија.

 

Предменструалните симптоми се нормален дел од менструалниот циклус кај многу жени и најчесто исчезнуваат со почетокот на менструацијата. Сепак, секој организам е различен. Доколку симптомите се силни, траат подолго или ве загрижуваат, најдобро е да побарате совет од гинеколог.

Со здрав начин на живот, редовна физичка активност, доволно сон и балансирана исхрана, кај многу жени симптомите можат значително да се ублажат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет