Како да го контролирате апетитот за време на терапија?

Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголемено чувство на глад или желба за одредена храна.

Како да го контролирате апетитот за време на терапија?

Ова е чест несакан ефект кај некои лекови, но со правилен пристап може полесно да се контролира и да се одржи здрава телесна тежина. Сепак, никогаш не ја прекинувајте или менувајте терапијата без консултација со лекар.

 

1. Не прескокнувајте оброци

Кога долго не јадете, чувството на глад може да стане многу поинтензивно. Имајте три главни оброци дневно. По потреба да додадете една до две здрави ужини. Главните оброци имајте ги во приближно исто време секој ден.

 

2. Избирајте храна што заситува

Не секоја храна го одржува чувството на ситост подеднакво долго.

Во исхраната вклучете:

  • посни извори на протеини како пилешко, риба, јајца, мешунки,
  • интегрални житарки,
  • свежо овошје и зеленчук,
  • јаткасти плодови во умерени количини.

 

3. Пијте доволно течности

Понекогаш жедта може да се помеша со глад. Потрудете се да пиете доволно количество на вода во текот на денот, а да ограничите консумирање на засладени пијалаци. Кога сте надвор секогаш носете шише со вода.

 

4. Јадете внимателно

Брзото јадење може да доведе до прејадување. Затоа јадете полека и добро џвакајте ја храната. Еден од начините да го избегнете ова е да избегнувајте да јадете пред телевизор или телефон.

 

5. Ограничете ја високо преработената храна

Храната богата со шеќери и заситени масти често дава краткотрајно чувство на ситост. Намалете го внесот на: слатки, газирани пијалаци, чипс и грицки и брза храна.

 

6. Бидете физички активни

Доколку вашата здравствена состојба дозволува, умерената физичка активност може да помогне во одржување на телесната тежина и подобрување на расположението.

Добар избор се: пешачењето, возењето велосипед, пливањето и сите лесни вежби по препорака од лекар.

 

7. Следете ги промените

Водењето дневник може да ви помогне да ги препознаете навиките што го поттикнуваат гладот. Забележувајте кога чувствувате најсилен апетит, што јадете во текот на денот и како се чувствувате пред и по оброкот.

 

8. Разговарајте со вашиот лекар

Ако забележите значително зголемување на апетитот или телесната тежина, информирајте го лекарот што ја следи вашата терапија.

Лекарот може:

  • да процени дали симптомите се поврзани со терапијата,
  • да предложи промени во исхраната,
  • да ве упати кај нутриционист доколку е потребно.

 

Зголемениот апетит за време на терапија не значи дека мора да доведе до несакано зголемување на телесната тежина. Со редовни оброци, избор на хранлива и заситувачка храна, доволен внес на течности и умерена физичка активност, многу луѓе успешно го контролираат гладот.

Доколку промените во апетитот се изразени или ве загрижуваат, секогаш разговарајте со вашиот лекар пред да направите какви било промени во терапијата или начинот на исхрана.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет