Како менструалниот циклус влијае на кожата и енергијата?
Менструалниот циклус не влијае само на репродуктивното здравје. Тој има силно влијание врз кожата, нивото на енергија и расположението.
Овие промени се резултат на хормоналните флуктуации што се случуваат во текот на целиот месец.
Што се случува во текот на циклусот?
Менструалниот циклус е регулиран од хормони како естроген и прогестерон, кои се менуваат во различни фази. Тие директно влијаат на кожата, енергијата и општото чувство.
1. Менструална фаза (ден 1-5)
Нивото на овие хормони е ниско и затоа имате помалку енергија, а поголема потреба за одмор.
Кожата во овие денови може да изгледа сува или чувствителна, па затоа се советува одмор, хидратација и нежна нега.
2. Фоликуларна фаза (ден 6-14)
Во оваа фаза расте естрогенот, па поради тоа имате зголемена мотивација и фокус, а вашата кожа изгледа посвежа и посјајна.
Ова е период кога многу жени се чувствуваат најпродуктивни.
3. Овулаторна фаза
Оваа фаза е поврзана со овулацијата.
Енергијата е на највисоко ниво како и самодовербата, а вашата кожа има најдобар изглед. Таа е чиста и сјајна.
4. Лутеална фаза (по овулација)
Во оваа фаза доаѓа до зголемување на прогестеронот, а со тоа доаѓа и до постепен пад на енергијата и зголемено чувство на замор.
На кожата се појавуваат акни и се забележува зголемена маснотија.
Ова е период кога многу жени чувствуваат ПМС симптоми.
Како да се прилагодите?
- Прилагодете ја рутината за нега на кожа според фазата.
- Планирајте активности според нивото на енергија.
- Внесувајте здрава храна и доволно вода.
- И секогаш слушајте го вашето тело.
Менструалниот циклус има значајно влијание врз кожата и енергијата. Разбирањето на овие промени ви помага подобро да се грижите за себе и да ги искористите фазите кога се чувствувате најдобро.
Телото постојано испраќа сигнали, важно е да ги препознаете и да се усогласите со нив.





