Најголем настан за здрав животен стил
На 25 – 27.09.2015, ќе се одржи Health, Fitness & Wellness Expo - најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил!

Ова е THE Event за секој оној кој сака да се информира како, колку и со што треба да се храни, да вежба и тренира, конзумира, користи, да се негува. На едно место ќе презентираат дури 50 учесници стручни во своите области - фитнес, аеробик и спортски центри, продавници за здрава храна, џус барови, природни додатоци на исхраната, спортски и медицински помагала и опрема, како и најпознатите салони за нега и козметика, масажа, спа, сауна, рехабилитација, и тн. Секој изложувач ќе има свој интерактивен простор кој ќе може да го посетите и
да се информирате, да учествувате во демо тренинзи и третмани, дегустации, натпревари, предизвици, но и да освоите бројни попусти, купони, ваучери!
Слушнете ги директно и од прва рака сите новитети и последни техники и технологии кога станува збор за поздраво живеење и грижа за себе! Секој изложувач ќе понуди своја забавна и интерактивна програма на својот простор, а вие ќе можете полесно да одлучите – како сакате да се храните, каде ќе вежбате, каква опрема и помагала ќе користите, кои суплементи ќе ги одберете, и каде сакате да го негувате вашето лице, тело и дух.
Наскоро ќе бидат објавени и изложувачите на HFW Expo, следете ја FB фан страната на www.facebook.com/hfwexpo за да ги дознаете!!
Настанот ќе понуди тридневна, целодневна програма со забавни и едукативни натпревари, предизвици, демонстрации, дегустации и отворени тренинзи, на два интерактивни подиума. Секој посетител активно може да се вклучи и да учествува во програмата! Следете не, наскоро ќе бидат објавени сите учесници и главната програма на HFW Expo.
Health, Fitness & Wellness Expo е спонзориран од Sport Inn центар, единствен официјален Spinning® центар во Македонија.
Настанот ќе го отвори специјален гостин - Милан Strongman Јовановиќ, на 25.09.2015 во 17:30 часот! Повеќе за него, прочитајте овде.