cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Наградена приказна: Мојата приказна за доењето

Многу нешта би можеле да се научат од нечија приказна од доење.Тука можете да ги најдете сите потешкотии со доењето, сите радости и триумфи. Мамичките кои ги раскажаа своите приказни не штедеа на емоции! Прочитајте ја прво извлечената приказна

Наградена приказна: Мојата приказна за доењето

Јас сум мајка на две деца, две години и три месеци и седум месечно бебе.Со првото дете доењето беше доста тешко во првите 4 месеци. Користев пумпа и давав од шприц првите две недели бидејќи бебето немаше сила да цица. Користев силиконски брадавици ама сепак одеше тешко. Дење ноќе доев и се одмолзував секој ден. Пупките ми беа разранети и болеше ужасно многу. Ме спаси кремата Пурелан од Медела (не е реклама ова е мое лично искуство). Доев и плачев скоро цел месец, ама во ниту еден момент не планирав да се откажам. Се молзев шест месеци и давав навечер од шише измолзено млеко бидејќи бебето спиеше и не се будеше да цица. И покрај толкава упорност бебето само се одби на 7 месеци. Не можам да разберам уште зошто...Кога дојде на ред второто дете си реков супер, немам мака имам пупки лесно ќе е, ама не беше така. Бебето слабо цицаше и пак се молзев за да зголемам лактација. Фала богу за две недели почна да си цица убаво и да напредува. На шест месеци извади запче и од нервоза ми ги кинеше пупките. Ужасно чувство, да не се лажеме, ама пак во ниту еден момент не помислив да прекинам. Пурелан пак ми помогна премногу. Бебе уште цица и каса ама ќе се доиме уште многу долго се надевам.

 Секоја жртва е за доброто на бебето, така знаеш дека си мајка. Најбитното е да го правиш тоа од љубов, а не со сила зошто така треба. Само на тој начин ти ке бидеш среќна, а со тоа и самото бебе ке ја почувствува таа енергија. Не знам дали е мојата приказна инспиративна меѓутоа сакав да споделам, па ако можам и да помогнам на некоја мајка. Секое добро.

 

Автор: Андријана Шишкоска

 

Оваа приказна добива:

 

- Сет производи за грижа на брадавки;

 

Рurеlan 100 – крема за нега на брадавки

100 % чист ланолин за природна нега за осетливи и суви брадавици, хипо-алергена и без вештачки адитиви и конзерванси. Идеална крема која ги штити брадавиците од сушење за време на бременост, доењето и лактација и помага да се надополни природната маснотија која е намалена со честото доење. Нема потреба од отстранување пред доењето. Не остава траги на облеката. Пурелан кремата е многу безбедна, може да се користи и за сува бебешка кожа(пр.кај потсечени усни и суви ноздрви при прекумерено секнење при настинка).
Упатство за употреба и подготовка на брадавки:Измијте ги рацете пред употреба. По доењето, исцедете малку млеко и размачкајте преку брадавиците и околу нив и оставете да се исуши. Потоа нанесете мала количина од PuleranTM100. Не треба да се отстранува пред доењето.Состав: 100% ултра чист ланолин UPS/ EP1.Природен, без адитиви и конзерванси. 1USP:U.S. Phaemacopoela; EP:European Phaemacopoeia.

purelankrema

purelankrema1

 

Честитки!

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет