Меѓу стравот и храброста, таму растете вие
Сите имаме еден тивок сопатник кој сите го носиме со себе низ животот, а тоа е стравот од неуспех.
Тој не секогаш зборува гласно, но неговото присуство го чувствуваме во моментите кога ќе се двоумиме, кога ќе одложиме нешто важно, кога ќе си речеме „не сум подготвен/а“.
Неуспехот не е спротивност на успехот, тој е негов дел. Секој што некогаш постигнал нешто големо, најпрво се соочил со сомнеж, со падови, со моменти кога сè изгледало бесмислено, со еден или повеќе неуспешни обиди. Тоа не ги направило послаби, туку похрабри и поодлучни.
Стравот од неуспех најчесто доаѓа од желбата да бидеме совршени, да не разочараме никого особено да не се разочараме во себе. Но, животот не бара совршенство во нашето постапување, бара обид, бара искрен чекор кон целта, дури и кога не знаеме дали патот е вистинскиот.
Наместо да го избегнуваме неуспехот, можеме да се соочиме со него и да се запрашаме што можеме да научиме од него.
Во тој момент стравот губи моќ затоа што станува учител, а не непријател.
Денес бидете благодарни за сите обиди што не испаднале совршени. Тие ве направиле поистрајни, помудри и похрабри.
Афирмација за денес:
„Секој обид ме носи поблиску до мојата сила. Јас не се плашам да паднам, затоа што знам дека ќе станам уште посилен/на.“
Запомнете успехот не е пат без грешки. Успехот е исполн со искрени обиди се додека не дојдеме до него. Продолжете да верувате во себе, дури и кога патот не изгледа совршен.
Секој чекор што го правите е победа и ве носи поблиску до целта, а на крајот и до остварување на истата.
Ваша Рингераја.





