cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

mamamegi: Светска недела на доењето

Извинете што немам моментална фотографија од тоа како го дојам своето дете да можам да ви го доловам тоа што ќе го напишам, ама пак џабе е, тоа треба да се почуствува

mamamegi: Светска недела на доењето
Тоа чувство не може да се опише преку слика или преку текст, ама еве ќе пробам барем "оддалеку" да го почувствувате, да се потсетите или да знаете што ве чека во иднина.
Сега веќе се големи моите деца ама тие слики, спомени додека мајка ги дои своите деца никогаш не се забораваат.
Првиот пат, Анамариа ја доев само 8-ипол месеци, вториот пат Георгина ја доев 21 месец. 
Болки во грбот, болки во градите, треска, температура, редење листови од зелка, одмолзување 1000 пати на ден, раскрварени брадавици, неспиени ноќи, одење порано дома од журка (бебе треба да се нахрани), ама сепак нахрането бебе со многу љубов.
Доволен е погледот и допирот на тоа мало суштество додека го доиш да знаеш дека некому даваш дел од себе и го ситиш со тоа. 
Плачев од болка на моменти додека ги доев, ама сега плачам додека го пишувам ова бидејќи ми недостасуваат тие денови.
Да го доиш своето бебе е благослов од Бога, прифатете го и искористете го, ако не за Вас, барем за Вашето бебе!
И да, и во иднина би го одбрала доењето!
П.С Доете ги своите деца каде и да посакаат, секако како што доликува! Храната е неопходна за живот, и не заборавајте, не секоја мајка може да го дои своето бебе, од х причини, здравствени, немање млеко итн и посегнуваат по ад формула, затоа не ги осудувајте. Наместо осудување, раскажете и ја Вашата приказна за доењето, да можат барем малку да ја почуствуваат убавината на тој чин. 
Ако Вие давате дел од себе преку доењето, тие на друг начин даваат дел од себе на своето бебе.
Сите сме мајки!

View this post on Instagram

A post shared by(@mamamegi)

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет