Летна грижа за градината. Како да ја одржите свежа и цветна во најжешките денови?

Летото е сезона на живот, светлина и боја, но и на високи температури, суша, жега и предизвици за секој љубител на градинарството. Градината сепак и во лето може да биде раскошна, свежа и цветна, но само ако добие соодветна грижа.

Летна грижа за градината

Во продолжение ви ги откриваме клучните совети како да ја одржите вашата летна градина здрава, зелена и полна со живот и во летниот период.

 

1. Водата е неопходна, но за градината користете ја со мера и знаење

Во жешките денови, периодот на наводнување во текот на еден ден е многу важен. Најголемата грешка е наводнување во погрешно време. Никогаш не ја полевајтеградината под пладневното сонце бидејќи така повеќе вода испарува отколку што продира во земјата.
Совет: Полевајте рано наутро или доцна попладне, кога сонцето е помалку агресивно. Користете полека капливо наводнување или поставете слој од малч за задржување на влагата.

 

2. Малчот e природен климатизер на градината

Ставете природен малч околу растенијата. Tоа може да биде слама, дрвени рески или исушени лисја. Тој не само што ја задржува влагата, туку ја штити почвата од прегревање и спречува раст на плевел. Исто така, малчот со тек на време се разградува и ја храни земјата.

 

3. Подкастрување на растенијата со цел

Во лето, некои растенија почнуваат да дивеат односно да растат пребрзо и да ги засенуваат другите. Подкаструвањето не само што ја одржува формата и рамнотежата, туку помага и растенијата да ја насочат енергијата кон цвет и плод.
Совет: Отстранувајте ги секогаш пожолтените лисја и исушените цветови за да поттикнете повторно цветање.

 

4. Хранете ги растенијата, но внимателно

Во летните месеци, растенијата имаат зголемена потреба за хранливи материи. Така да, органското ѓубрење еднаш месечно може да направи чуда.
Совет: Избегнувајте прекумерно користење на вештачки ѓубрива бидејќи колку се добри толку се и лоши за растенијата ако прекумерно се користат. Тие може да го изгорат растението кога температурите се екстремно високи.

 

5. Садници на сенка - заштита во клучен момент

Некои чувствителни растенија не поднесуваат директно пладневно сонце. За нив, поставете лесни сенки или искористете природни бариери како високи растенија и грмушки за да создадете засолниште.
Платнена сенка или решетка со ползечки растенија не само што штити, туку и визуелно ја збогатува градината.

 

6. Природна борба против штетници

Летото носи и непожелни гости, лисни вошки, полжави и други инсекти. Наместо користење хемија, користете природни решенија: мешавини со сапуница, лук или оцет, а засадете и растенија што природно ги одбиваат штетниците (како невен, босилек и лаванда).

 

Градината бара љубов, не совршенство

Летната грижа за градината не мора да биде оптеретување. Напротив, таа може да биде вашата дневна доза мир, рутина и поврзување со природата. Со малку труд и вистински методи, и одредени “направи сам” тактики секоја градина без разлика на големината, може да стане оаза на свежина и убавина во сред летната сезона.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет