Лекови што предизвикуваат нагло качување на тежина. Дали ги земате без да знаете?
Качувањето на телесната тежина не секогаш е резултат на неправилна исхрана или недоволна физичка активност. Кај многу луѓе, причината може да се крие во лековите што ги земаат секојдневно.
Некои медикаменти влијаат врз апетитот, метаболизмот или задржувањето на течности што може да доведе до ненадејно и неочекувано зголемување на килограмите.
Важно е да се нагласи никогаш да не прекинувате со терапија без консултација со лекар.
Како лековите влијаат врз телесната тежина?
Лековите можат да предизвикаат зголемување на тежината преку:
- зголемување на апетитот,
- забавување на метаболизмот,
- задржување на вода во телото,
- влијание врз хормоналниот баланс,
- намалување на енергијата и физичката активност.
Групи лекови поврзани со качување на тежина
1. Антидепресиви
Одредени антидепресиви можат да: го зголемат апетитот, предизвикаат желба за јаглехидрати, доведат до постепено зголемување на тежината.
Не реагира секој исто, но промените често се забележуваат по неколку месеци терапија.
2. Кортикостероиди
Овие лекови често користени кај воспаленија и автоимуни состојби можат да предизвикаат: задржување течности, зголемен апетит, таложење масно ткиво, особено во пределот на стомакот и лицето
3. Хормонални терапии и контрацепција
Кај некои жени, хормоналните терапии можат да доведат до: задржување на вода, промени во апетитот, благo или умерено зголемување на тежината.
Реакцијата е индивидуална и зависи од типот на терапијата.
4. Антипсихотици
Оваа група лекови често е поврзана со: значително зголемување на апетитот, промени во метаболизмот и брзо качување на килограми.
Потребно е редовно следење од страна на лекар.
5. Лекови за дијабетес
Некои терапии за регулирање на шеќерот во крвта можат да придонесат за: зголемување на телесната тежина и задржување на течности.
Денес постојат и алтернативи со поинаков ефект, што може да се разгледаат со лекар.
6. Антиалергиски лекови (антихистаминици)
Одредени антихистаминици можат: да го зголемат апетитот, да предизвикаат поспаност и намалена активност
Што да направите ако забележите нагло качување на тежина?
- Не ја прекинувајте терапијата самостојно.
- Разговарајте со лекар или фармацевт за ова.
- Прашајте дали постои алтернатива на терапијата која ја земате.
- Следи ја вашата исхрана и внесот на течности.
- Воведете умерена физичка активност, ако е можно.
Качувањето на телесната тежина може да биде чест несакан ефект од одредени лекови. Свесноста е првиот чекор кон решение. Со правилен пристап, медицински совет и поддршка, можно е да се најде рамнотежа меѓу терапијата и здравјето.





