cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Костим за капење за дете. Да или не?

За децата нема ништо поубаво од тоа да се капат голи. Ништо не ги стега и го немаат чувството на студенкање на телото. Зошто тогаш да ги мачиме со костим за капење?

Костим за капење за дете. Да или не?

 

 

Покрај тоа што Ви се чини дека е најдобро решение, веројатно сметате дека песокта и камчињата се стерилни бидејќи сонцето ги убило сите бактерии? Но кога детето ќе добие осип или некакво воспаление, работите повеќе не се толку едноставни.

 

Плажата не е стерилна

Приказните за стерилноста на песокот или камчињата на плажа се лажни. Всушност топлината и влагата се идеални услови за развој на бактерии кои можат да допрат и до половите органи, да влезат во телото преку мочните патишта и да доведат до циститис, односно воспаление на мочниот меур. Спектарот на непожелни микроорганизми кои детето може да ги собере на плажа е голем, од глисти и гливички, па се до болести кои се пренесуваат по полов пат. Но ако детето носи гаќички, можноста да се зарази со нешто е рамна на нула.

 

Симптоми на циститис

Првите симптоми на воспаление се болка во долниот дел на стомакот, чувство на нелагодност и пецкање при мочкање. Ако забележите такви симптоми кај детето, веднаш посетете лекар. Веројатно ќе добиете антибиотик. За побрзо оздравување важно е да ја зголемите циркулацијата во тој дел на стомакот, па потребно е подрачјето околу стомакот да биде топло. За таа цел дозволете му на детето да ужива на сонце во доцните попладневни часови.

 

Испирање на мочниот меур со течности

Водата, сокот или чајот ќе  ги исперат бактериите од мочниот меур и нема да им допуштат да се рашират по мочните патишта, па воспалението да се искомплицира.  Најдобро е што почесто да го нудите детето со обична вода, свежо цедени сокови или чај од брусница.

 

1

 

Гаќичките штитат од повреда

Нема сомнеж дека ќе го пуштите детето  да биде некое време голо на плажа. Можеби не е лошо да му ги соблечете гаќичките кога влегувате во вода, а потоа повторно да му ги облечете суви. Гаќичките ќе ги заштитат половите органи на детето од повреди со камчиња или гранчиња или можни изгореници од сонце.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет