Како недостатокот на сон го „збунува“ детскиот апетит? Неговото влијание врз телесната тежина
Недоволниот сон кај децата не влијае само на расположението и концентрацијата.
Колку сон им е потребен на децата?
Потребата од сон се менува со возраста:
- Kaj бебиња потребнои се од 12 до 16 часа.
- Кај деца од 1 до 2 години потреби се 11 до 14 часа сон.
- За деца од предучилишна возраст потребни се 10 до 13 часа сон.
- За деца од училишна возраст, 9 до 12 часа сон.
- Кај адолесценти од 8 до 10 часа.
Хроничниот недостаток на сон, дури и од еден час помалку дневно, може да има последици.
Како недостатокот на сон влијае врз телесната тежина?
1. Нарушување на хормоните за регулирање на гладот
Недоволниот сон го нарушува балансот на: лептин, хормонот што сигнализира ситост и грелин, хормонот што го зголемува апетитот.
Резултатот е дете кое почесто чувствува глад, особено за калорична и слатка храна.
2. Зголемена желба за нездрава храна
Уморниот мозок полесно посегнува по: слатки, брзи јаглехидрати и грицки со многу масти. Недостатокот на сон ја намалува самоконтролата и способноста за здрав избор.
3. Помала физичка активност
Децата кои не спијат доволно: имаат помалку енергија, се помалку активни и почесто избираат пасивни активности како седење пред екран.
Помалото движење значи и помала потрошувачка на енергија.
4. Забавен метаболизам
Сонот е време кога телото се регенерира и време кога се регулираат метаболичките процеси. Кога сонот е недоволен, метаболизмот не функционира оптимално, што може да придонесе за зголемување на телесната тежина.
Екраните и сонот се опасна комбинација
Сината светлина од телефони, таблети и телевизори го потиснува лачењето на мелатонин, а со самото тоа се одложува заспивањето и сонот станува пократок и со полош квалитет. Децата кои користат екрани пред спиење имаат поголем ризик од нарушен сон и зголемена тежина.
Долгорочни последици
Хроничниот недостаток на сон кај децата може да доведе до: зголемен ризик од прекумерна тежина и дебелина, инсулинска резистенција, пониска концентрација и емоционални промени
Овие ефекти можат да продолжат и во адолесценцијата и зрелото доба.
Како родителите можат да помогнат?
Воспоставете редовна рутина за спиење кај вашето дете. Исклучете го и забранете гледање во екран најмалку 1 час пред легнување. Создадете мирна и затемнета средина за сон. Внимавајте на доцни и тешки оброци и секако бидете пример дека и возрасните треба да го почитуваат сонот.
Сонот е основна биолошка потреба. Кај децата, доволниот и квалитетен сон е еднакво важен како здравата исхрана и движењето. Ако сакаме да го заштитиме нивното здравје и правилен раст, мора да го ставиме сонот високо на листата на приоритети. Здрава тежина започнува и со добар сон.





