cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да спречите детето да користи лоши зборови?

Кога детето првпат ќе изговори лош збор, родителите најчесто се шокирани, засрамени или збунети. Но вистината е дека секое дете во одреден момент ќе слушне и ќе повтори навредливи, груби или непристојни зборови.

Како да спречите детето да користи лоши зборови?

Тоа е нормален дел од развојот и љубопитноста. Најважно е како реагираме ние, а не самиот збор.

Еве како да го спречите ова однесување и да го насочите детето кон учтив и позитивен говор.

 

1. Останете смирени. Вашата реакцијата е клучна

Кога ќе изговори лош збор, вие: не викајте, не го засрамувајте, не го казнувајте импулсивно.

Силната реакција може само да го охрабри детето да го повторува зборот, бидејќи ја гледа вашата емоција и добива внимание.

Наместо тоа, останете смирени и кажете кратко: „Тоа е збор што не го користиме.“

 

2. Зошто детето го кажало зборот?

Децата често кажуваат лоши зборови од: имитација односно го слушнале од возрасен, ТВ или игралиште, потреба за внимание, тестирање граници, гнев или фрустрација, игра и експериментирање со јазик.

Јасното разбирање на причината ви помага подобро да реагирате.

 

3. Поставете јасни правила и објаснете зошто се тие правила

Децата најдобро учат кога знаат зошто нешто не смее. Објаснете дека лошите зборови повредуваат, дека дома разговараме учтиво и дека зборовите имаат сила и треба да ги користиме правилно.

Кратко, едноставно и на ниво на детето.

 

4. Понудете алтернатива, учете го како да изразува емоции

Многу деца користат груби зборови кога се лути. Наместо само да забранувате, научете ги како да се изразат:

  • „Лут сум.“
  • „Не ми се допаѓа тоа.“
  • „Те молам престани.“
  • „Сакам пауза.“

Колку повеќе изговорени емоции толку помалку лоши зборови.

 

5. Игнорирајте ги провокациите кога детето бара внимание

Ако го кажува зборот за да ве предизвика, најдобрата реакција е смирено игнорирање.
Кога ќе забележи дека не добива реакција од ваша страна, интересот ќе исчезне.

После тоа, наградете го позитивното однесување.

 

6. Бидете пример бидејќи децата ги повторуваат нашите зборови

Без разлика што им велиме, децата го прават она што го гледаат. Ако дома се користат груби зборови, децата ќе ги усвојат.

Трудете се да: користите мирен тон, избегнувате навреди, се извините ако ви излета некој лош збор.

Децата учат и од нашите извинувања.

 

7. Ограничете извори на навредлив говор

Децата најчесто ги слушаат лошите зборови од: ТВ серии и YouTube, постари деца, видео игри, социјални мрежи, од улица или игралиште.

Не можете да го контролирате сè, но можете да ограничите кои видеа ги гледа, каква музика слуша, а и со кого најчесто се дружи.

 

8. Разговарајте после смирување, не во моментот на гнев

Ако детето го кажало зборот во афект, не држете му лекција во моментот.
Почекајте да се смири, а потоа објаснете: „Знам дека беше лут, но тој збор не е добар. Ако си лут, кажи ми што чувствуваш.“

 

9. Доследност меѓу родителите

Ако еден родител реагира, а друг се смее или игнорира детето ќе се збуни и ќе продолжи.

Важно е да имате исти ставови, исти правила и ист начин на реакција.

 

10. Пофалете го кога користи убав говор

Децата подобро реагираат на пофалби отколку на казни.
Кажете:

  • „Многу ми се допаѓа како убаво ми кажа.“
  • „Браво што го реши тоа без да кажуваш лоши зборови.“

Позитивното засилување прави чуда.

 

Спречувањето на лоши зборови не е еднократна лекција, туку процес. Детето ќе учи со време, преку вашиот пример, поставување јасни граници и многу разговори. Со трпение и доследност, ќе развие навика за убав говор, нешто што ќе му служи цел живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет