Избери да веруваш во најдоброто
Во секоја ситуација што ни се случува, постојат две страни, онаа што нe плаши и онаа што нe учи, онаа што ни ја одзема енергијата и онаа што ни дава сила.

Размислуваме што може да тргне наопаку наместо што може да излезе убаво. Но вистината е дека умот се движи таму каде што оди вниманието, а таму каде што има надеж, расте и храброста.
Да се фокусирате на можноста за позитивен исход не значи да ги игнорирате проблемите или да живеете во илузија. Тоа значи да изберете верба наместо страв, да гледате потенцијал наместо пречка.
Тоа значи да си кажете: „Можеби не знам како, но верувам дека ќе биде добро.“
Кога размислуваме со оптимизам, нашиот ум станува поотворен, нашата енергија посмирена, а одлуките попаметни. Научно е докажано дека позитивниот фокус го подобрува и нашето физичко здравје, креативноста и отпорноста на стрес. Сè започнува со еден едноставен избор, да гледаме кон светлината.
Денес бидете благодарни за сите моменти во кои сте одбрале да верувате во најдоброто. За сите ситуации кога сте останале смирени, иако не знаете како ќе се одвиваат нештата. Тие моменти ја градат вашата сила.
Афирмација за денес:
„Избирам да се фокусирам на можноста за позитивен исход. Сè што ми се случува ме води кон добро, дури и кога не го гледам веднаш.“
Ви посакувам ден исполнет со надеж, светлина и верба дека убавите нешта веќе се на пат кон вас.
Доброто секогаш наоѓа пат до отвореното срце.
Ваша Рингераја.