Исхрана за време на престој во планина

Лето е! Ако сте далеку од морето, знаете дека нема ништо што повеќе ќе ве разлади од прошетка во планината. За да биде исполнет вашиот поход, потребно ви е доста енергија. А на кој начин се надополнува таа? Преку храната, се разбира!

Исхрана за време на престој во планина

 

Да почнеме со некои важни правила:

 • Задолжително е да имате храна, доволна за целиот период на престој во планина, особено ако планирате тој да трае повеќе од еден ден. Се разбира, можете однапред да си изберете засолниште и да преноќите таму, но не заборавајте дека во планината сè може да тргне наопаку и секогаш треба да сте подготвени за екстремни ситуации.

 • Изберете производи, кој се обработуваат лесно во организмот.

• Храната треба да биде погодна за носење, компактна и лесна. Не ви препорачуваме да носите солено, ронлива храна или меко овошје.

• Исклучително важно е секогаш да имате со себе вода.


Поделба на хранливите материи


 Како и секогаш, најважните хранливи материи се јаглените хидрати, мастите и протеините. За време на какво и да е физичко оптоварување, консумирањето се врши поинаку од обично.

Ако предвидувате долг и исцрпувачки поход, треба да започнете да го намалите внесот на јагленохидрати барем една недела порано. Треба да го намалите и внесот на масти во зависност од очекуваните температури.
 
Соодветна храна

Наутро, пред да одите, препорачливо е да си обезбедите богат појадок базирана на хидрати: леб со мед, леб со мармалад, јогурт, свежо овошје.

За време на походот треба да пиете најмалку 100-200 мл вода на секој половина час и да застанувате на секои два-три часа, за да каснете нешто помалку (сушеното овошје е едно од најдобрите решенија). Не претерувајте со мастите додека пешачите, особено ако се омега 3 или омега 6, бидејќи тие имаат потреба од повеќе време за обработка и го зголемуваат заморот.

За ручек ви препорачуваме да избегнувате кашкавал или јадења со тешки сосови. Тие само ќе го зголемат заморот и ќе ви заспијат. Во интерес на вистината, еден најобичен сендвич е подобро од што и да е друго.

Неколку часа подоцна сигурно ќе имате потреба од мала попладневна закуска. Плодовите се совршени за таа цел. Тие ќе го зацврстат организмот и ќе ви дадат нови сили да продолжите напред.

 Не пропуштајте јавечерата. За да ги набавите потребните материи за организмот, препорачливо е таа да содржи многу јаглехидрати.

 Кога ќе стигнете, во случај походот да бил исцрпувачки, можете да си дозволите да изедете повеќе од обично, без да се грижите за својата фигура. Ако сте си дозволиле доволно паузи и теренот бил лесно прооден, не треба да претерувате со исхраната, бидејќи имате доста голем фонд на акумулирани материи во организмот.

 
Течности

 Како и секогаш, водата е најважниот елемент во текот на летото. Уште повеќе кај физички оптоварувања кои водат до потење и дехидрација на организмот.

 И уште еднаш повторуваме - јадете што повеќе овошје и зеленчук (не само кога сте во планината, се разбира).

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет