cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Игри при патување

Во текот на возењето некои деца стануваат нестрпливи, дури и заморени од досада. Прочитајте неколку предлози како да го скратите времето при долгите возења...

Игри при патување

Во текот на долго возење некои деца стануваат нетрпeливи, дури и заморени од здодевност. За да го спречите лошото расположение во текот на возењето, треба пред заминување да подготвите некои работи. За (секое) дете подгответе торба и наполнете ја со најдрагите играчки на детето, CD-a и книги. Ако е патот многу долг, понесете и некоја нова играчка, а не ги заборавајте ни солените и слатките „грицки“ кои вашето дете ќе го забавуваат и ќе го развеселат во најтешките моменти.

Внимание: немојте наеднаш да го извадите сето „слатко“од торба, туку полека, едно по едно, за детето да не се засити од се. Покрај играњето со играчки можете да си играте и некоја од друштвените игри, а со поголемите деца можете гласно да пеете, да ја разгледувате околината и слично.

Неколку предлози како да го скратите времето при долги патувања:

1. Слушајте го омиленото CD на детето со музика или со приказни.
2. Пејте заедно со детето и измислувајте нови и необични приказни.
3. Разгледувајте ја околината, зборете му што сте виделе: животни, големи автомобили, камиони, куќи со необичен облик или бои, балони во воздухот...
4. Поголемите деца ќе бидат воодушевени ако им зборувате за случките од своето детство.
5. Со децата кои веќе ги знаат буквите и бројките можете на набројувате животни, предмети кои почнуваат на одредена буква, да собирате, делите... и така низ забава да го потврдувате неговото знаење.
6. Низ играта „асоцијација“ ја развиваме детската фантазија.

За потврдување на знаењето на поголеми деца соодветни се следниве мисловни и забавни игри:

Забавна приказна: секој играч кажува по еден збор, а некој од играчите мора од сите тие зборови да состави една реченица, односно приказна. На пр. од зборовите: пејач, компјутер, јазик, готвење, може да се склопи симпатична и смешна приказна.
Зборови кои почнуваат на иста буква: играчите избираат една буква, па мораат сите по ред што побрзо да набројат зборови кои почнуваат со таа буква.
Без пантолони: играта е многу смешна. Играат 2 играчи, првиот поставува прашања, а другиот на секое прашање одговара со зборовите: Без панталони. На пр.:
Прв: Како ќе одиш утре на плажа?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе играш натпревар?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе го прославиш роденденот?
Втор: Без панталони!

Такви игри има безброј, ние дадовме само неколку предлози, некои може да ги измислите и самите.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет