cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали треба да користиме сунѓер кога се тушираме? Еве што велат дерматолозите и хигиената

Кога станува збор за личната хигиена, малите навики прават голема разлика. Една од нив е користењето сунѓер при туширање. За некои тоа е незаменлив ритуал за чистење и ексфолијација, за други непотребен извор на бактерии.

Дали треба да користиме сунѓер кога се тушираме?

Па, дали навистина треба да користиме сунѓер секојдневно? Одговорот е комплексен и зависи од повеќе фактори: тип на кожа, навики, па дури и каков сунѓер користиме.


Што прави сунѓерот корисен?

Сунѓерите природни или синтетички, се користат за:

  • нежна ексфолијација (отстранување на мртви клетки од кожата),
  • подобра пенливост на гелови и сапуни,
  • масажа и подобрување на циркулацијата,
  • чувство на длабинска чистота.

Многумина велат дека без сунѓер, не чувствуваат „вистинско“ капење.


Но кога сунѓерот станува проблем?

Сунѓерите, особено ако се оставаат влажни и не се мијат детално редовно, стануваат идеално место за:

  • бактерии,
  • мувла,
  • габи,
  • па дури и стафилокок.

Според дерматолозите, најголемиот проблем не е самото користење, туку начинот на одржување.


Што препорачуваат дерматолозите? 

  • За масна и нечиста кожа – сунѓерот може да биде корисен 2–3 пати неделно, но со нежно триење.
  • За сува, чувствителна или екцемска кожа – треба да се избегнуваат груби сунѓери. Тие можат да го оштетат заштитниот слој на кожата.
  • За секојдневна употреба – доволно е миење со раце, особено ако користите хидратантни гелови за туширање.


Како правилно да се користи сунѓерот?

  1. Изберете сунѓер со фина текстура – по можност природен или антибактериски.
  2. Мијте го темелно по секоја употреба – и оставете го да се исуши целосно.
  3. Менувајте го секои 2–3 недели – дури и ако изгледа чисто.
  4. Никогаш не го делете со други луѓе – дури ни со членови од домаќинството.
  5. Не го користете на интимни или чувствителни делови од телото – таму е доволно миење со вода и нежна пена.


Сунѓерот не е неопходен, но може да биде корисен ако се користи со ум

Не постои „да“ или „не“ за употреба на сунѓер што важи за сите. Ако го одржувате чист, го користите повремено и го прилагодите на вашиот типот на кожа, сунѓерот може да биде пријатен и здрав додаток на рутината при туширање. Но ако станува навика без хигиена, може да направи повеќе штета отколку корист.


Ако сакате редовно да користите сунѓер и не можете да замислите туширање без триење, пробајте памучна ракавица за туширање, муслин крпа или силиконска четка тие се полесни за одржување и сушење, а со самото тоа и побезбедни и похигиенски.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет