Дали клима уредите се добри за бебињата?

Во летните жештини, клима уредот често е спас за родителите и нивните бебиња.

Дали клима уредите се добри за бебињата?

Но, прашањето што многу мајки и татковци си го поставуваат е: дали клима уредот е безбеден за најмалите членови на семејството?

Одговорот зависи од тоа како и колку внимателно се користи.


Предности на клима уредот за бебињата

  • Комфорна температура. Бебињата потешко ја регулираат телесната температура, па премногу топлината може да доведе до прегревање и дехидратација.
  • Подобро спиење. При умерена температура (околу 23–25°C), бебињата спијат помирно.
  • Намалување на ризикот од топлотен удар. Особено важно за новороденчиња во екстремно топли денови.


Ризици при неправилна употреба

  • Сув воздух. Клима уредот може да ја намали влажноста во просторијата, што доведува до суви слузници и поголема подложност на инфекции.
  • Директен ладен воздух. Вентилаторот не смее да дува директно кон бебето.
  • Нагли температурни разлики. Премин од ладна во топла средина и обратно може да предизвика настинки или стрес за телото.


Како безбедно да користите клима уред со бебе дома?

  1. Одржувајте температура помеѓу 23–25°C.
  2. Насочете го струењето на воздухот подалеку од креветчето или просторот каде што престојува бебето.
  3. Користете навлажнувач на воздух или ставете сад со вода во собата за да ја задржите влажноста.
  4. Облекувајте го бебето во лесна, памучна облека и покријте го со тенко ќебенце доколку е потребно.
  5. Правете постепена адаптација кога излегувате надвор. Oстанете неколку минути во ходникот или полуладна просторија.


Клима уредите не се штетни за бебињата ако се користат правилно и внимателно. Употребувајте ги умерено, одржувајте ја на соодветна температура и избегнување на директен ладен воздух. Со правилна употреба, тие можат да бидат сојузник во летните жеги, овозможувајќи им на бебињата удобност и спокој.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет