Совети за превенција од плагиоцефалија (синдром на залежана глава)
Плагиоцефалија, попозната како „синдром на залежана глава“ е состојба кога главата на бебето добива сплескана форма на една страна.

Ова најчесто се случува во првите месеци од животот, кога коските на черепот се меки и подложни на обликување. Иако звучи загрижувачки, со навремени и едноставни мерки, состојбата може да се превенира.
Зошто се јавува плагиоцефалија?
- Долготрајно лежење во иста положба. Бебињата поминуваат многу време на грб, особено додека спијат.
- Прерано раѓање. Кај предвремено родени бебиња, коските на главата се уште помеки.
- Позиција во матката. Ограничен простор за движење во последните недели од бременоста може да влијае на обликот на главата.
- Мускулна тортиколис. Напнатост во вратните мускули што го тера бебето да ја врти главата само на една страна.
Како да ја превенирате?
- Менувајте ја положбата при спиење
Иако бебињата треба да спијат на грб за да се намали ризикот од синдром на ненадејна смрт, менувајте ја насоката на главата, еден ден лево, друг ден десно. - Време на стомак (tummy time)
Поставувајте го бебето на стомак неколку пати во денот додека е будно и под надзор. Ова ја зајакнува мускулатурата на вратот и ја намалува притиснатоста на задниот дел на главата. - Држење во раце
Носете го бебето во раце или во носилка (слинг/кенгур), за да ја намалите количината на време поминато во лежечка положба. - Промена на насоката на креветчето
Ставете ја играчката или изворот на светлина од спротивната страна за да го поттикнете бебето да ја врти главата во различни правци. - Консултација со педијатар
Ако забележите асиметрија или сплескување на главата, побарајте стручен совет. Понекогаш се препорачува физикална терапија или специјална шапка за корекција.
Плагиоцефалијата е честа, но најчесто реверзибилна состојба ако се открие навреме. Со мали, но доследни промени во секојдневната рутина, можете да помогнете главата на вашето бебе да се развива правилно, без долгорочни последици.