Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги кажуваме на себеси? Лесно е да бидеме строги и критични кон сопствените постапки, но вистинската сила е во тоа да научиме да бидеме и нежни кон себе.

Да бидеш пољубезен кон себеси е како да му даваш на сопственото срце место за одмор. Тоа значи да си дозволиш време да згрешиш и да научиш, да си простиш кога ќе се сопнеш, и да си кажеш: „Добро е, одам напред.“ Замислете ако со истата љубезност со која се однесувате кон пријател, да се однесувате и кон себе. Колку полесно би дишеле, колку послободно би живееле.
Љубезноста кон себе е како цвет што секојдневно го наводнуваме. Колку повеќе ја негуваме, толку повеќе прераснува во внатрешна сила, во мир и во љубов што ја делиме и со другите.
Денес бидете благодарни за сè што сте. За сите вашите мали и големи победи, за тоа што продолжувате дури и кога е тешко, за тоа што давате светлина дури и кога мислите дека ја немате. Благодарноста ќе ве потсети дека веќе сте доволни, токму такви какви што сте.
Афирмација за денес:
„Си дозволувам да бидам нежeн/на со себе. Јас сум достоен/на за љубов, почит и разбирање.“
Ви посакуваме ден во кој ќе си бидете сам на себе најдобар пријател, ден во кој ќе си простувате, ќе се охрабрувате и ќе се сакате себеси. Зашто секоја голема промена започнува со еден едноставен избор, да бидеш пољубезен кон себе.
Бидете сопствената поддршка,
Ваша Рингераја.