Бебе од 12 месеци: Развој и достигнувања
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, откривање на околината и зголемена самостојност.

Што можете да очекувате во овој период во однос на растот, развојот и однесувањето.
Когнитивен развој (се однесува на процесот преку кој децата и возрасните учат да мислат, учат, помнат, решаваат проблеми и развиваат интелектуални способности)
- Кај вашето бебе се развива сознанието дека постојат предметите, тоа знае дека работите постојат и кога не ги гледа.
- Почнува да имитира дејства како што се ракување, мавтање со рацете, претворање дека зборува на телефон, танцување итн).
- Почнува логички да размислува, отвора кутии, доаѓа до скриени играчки, мести коцки итн.
- Разбира едноставни инструкции како „дај ми ја топката“ или „не“.
Комуникација и јазик
- Вашето бебе веќе може да каже неколку 1 до 3 едноставни зборови како мама, тато, чао и разбира многу повеќе.
- Често брбори со ритам и интонација што наликува на вистински говор.
- Почнува да го препознава своето име и познати гласови.
- Покажува на предмети што ги сака и одговара со гестови или звуци.
Моторика
- Може да се исправи и да се придржува за мебел.
- Некои бебиња ги прават и своите први самостојни чекори.
- Користи таканаречен пинцетен фат (фат со палец и показалец) за да земе мали предмети.
- Почнува да се храни самостојно со прсти, но пробува да користи и лажичка.
Социјален и емоционален развој
- Бебето на оваа возраст почнува да покажува силна врска со родителите или негувателите.
- Понекогаш може да има страв од разделба или да е срамежливо пред непознати лица.
- Сака и ужива во интерактивни игри, како што се пљескање рачиња, криенка итн.
- Покажува различни емоции , радост, лутина, наклонетост.
Исхрана
- Во овој период вашето бебе од доење преоѓа на формула или кравјо млеко (по препорака на педијатар).
- Почнува да јаде различни меки и здрави намирници, овошје, зеленчук, житарки, итн.
- Учe да пие од чаша или поилче.
Сон
- Бебињата на оваа возраст спијат 11–12 часа ноќе, а може да дремнат и неколку пати во текот на денот.
- Но некои може да одбива дремка поради зголемената самостојност.
Здравје и прегледи
На прегледот за 12 месеци, педијатарот вообичаено:
- Го мери растот(висината), тежината и обемот на главата
- Го следи целосниот телесен и психички развој
- Разговара за вакцинација (МРП, варичела, хепатит А итн.)
- Дава совети за исхрана, спиење, безбедност и дополнителни активности на бебето
Совети за родители
- Секогаш охрабрувајте го вашето бебе да истражува, но претходно обезбедете го домот.
- Читајте книги, зборувајте и пејте секој ден за да го поттикнете развивањето на говорот.
- При одредени активности како на пример во исхраната нудете му избор („сакаш банана или јаболко?“) за да го поттикнете развојот на независност.
- Бидете трпеливи со вашите емотивни испади, бебето ве гледа, апсорбира и на тој начин учи да ги изразува емоциите.
Ако некогаш се грижите за развојот на вашето дете, не двоумете се да се консултирате со педијатар.