cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Доење на новороденче — што да очекувате во првите недели?

Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасен начин да го нахраните вашето бебе. Но исто така може да донесе многу прашања, предизвици и нови искуства, особено во првите недели.

Доење на новороденче

Знаењето што да очекувате може да ви помогне да се чувствувате посамоуверено.

Честото доење е нормално, без грижа

Во првите недели, вашето новороденче веројатно ќе го доите повеќе пати дневно да речеме 8 до 12 пати, понекогаш и почесто. Желудникот на бебињата во првите недели е толку мал, а мајчиното млеко брзо се вари. Затоа сакаат да цицаат почесто, вклучително и навечер.

Очекувајте таканаречено “кластерско доење”, односно периоди кога бебето сака да цица повторно и повторно, особено навечер. Не плашете се дека нешто не е во ред со вашето бебе или млеко. Ова е сосема нормално и помага да се зголеми количината на млеко.

Учењето како да го доите вашето бебе бара време

Доењето е вештина која брзо се учи, и за мајката и за бебето. Првите денови може да изгледаат тешки, бебето да одбива да цица, да чувствувате болка, да не сте сигурни во која позиција да бидете додека доите, но со трпение и вежба, сè станува полесно.

-        Она што е важно е дека бебето треба да има длабоко и правилно прикачување (latch) за мајчината града.

-        Треба да почувствувате влечење, не остра болка. Ако чувствувате болка, побарајте помош од стручно лице.

На почетокот се произведува колострум

Во првите денови, телото произведува колострум. Тоа е густа, жолтеникава течност полна со антитела и хранливи материи. Совршена е за новороденчињата.

За неколку дена поточно отприлика за 3 до 5 дена, млекото почнува да преминува во таканаречено „зрело млеко“, и ќе може да почувствувате дека градите се полни и потешки.

Следете знаци дека вашето бебето се храни добро

Бебето кое добро е надоено обично:

-        Има потреба од менување најмалку 6 пелени дневно по првите неколку дена

-        Има редовна жолта столица

-        Изгледа мирно и спокојно по доењето

-        Расте стабилно (педијатарот ќе го следи развојот)

Ноќното доење е исто така важно

Иако е напорно, будење повеќе пати во текот на ноќта, секојпат токму кога ќе фатите сон, доењето навечер е клучно за растот на бебето, но и за вашето млеко.

Зошто? Хормонот пролактин, кој го поттикнува создавањето млеко се зголемува навечер.

Ако размислувате за доење во лежечка позиција, научете повеќе за безбедните практики на ко-спиење и секогаш бидете будни и присебни.

Доколку мислите дека ви е потребна, побарајте помош навреме

Не чекајте да се почувствувате прегорено или безнадежно. Побарајте помош од медицинска сестра, акушерка, консултант за доење или група за поддршка.

Повеќето проблеми кои се јавуваат при доењето: болни брадавици, натеченост, мала количина на млеко или тешкотии при обидот вашето бебе да прифати да цица можат да се решат со вистинска поддршка и корисни совети и насоки.

Грижете се и за себе за да имате не само млеко, туку квалитетно млеко за вашето бебе

  • Пијте доволно течности
  • Хранете се правилно
  • Одмарајте кога бебето спие
  • Прифатете помош од блиските

Вашето здравје е исто толку важно колку и на бебето.

Првите недели на доење се време на поврзување со вашето бебе, да учите и да се прилагодувате. Во ред е ако не оди се совршено. Важно е да се трудите, да не се откажувате и да побарате поддршка кога ви треба.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет