9 начини како да најдете време еден за друг по раѓањето на бебето
Многу парови се пресреќни кога стануваат родители, полни со енергија, но набрзо почнуваат да се чувствуваат исцрпено и оддалечено, бидејќи фокусот се префрла целосно на новиот член на семејството.

Доаѓањето на бебето е прекрасно, но носи и голем број предизвици. Сепак блискоста со партнерот е клучна за здрава семејна атмосфера. Еве неколку начини како да одвоите време еден за друг па дури и со бебе во прегратка.
1. Малите моменти имаат големо значење
Најдете време барем 5 минути заедно да го испиете утринско кафе, да споделите прегратка или поглед во очи. Не мора секогаш да биде долго за да биде значајно.
2. Создајте “време за нас”
Обидете се да воведете задолжително време во денот кога ќе бидете само вие двајцата на пример додека бебето спие или кога некој друг го чува.
3. Комуницирајте отворено
Разговарајте секојдневно: за чувствата, стравовите, радостите, плановите, желбите итн. Отворената комуникација ја зајакнува емоционалната поврзаност.
4. Поделете ги обврските
Никогаш не се стремете се да направите сами или комплетно да се потпрете на партнерот дека се ќе заврши. Кога има рамноправна распределба на обврските околу бебето и домот, ќе имате повеќе време еден за друг и помалку замерки и караници.
5. Излегувајте колку можете почесто како пар
Кратка прошетка, ручек или кино. Побарајте помош од вашите родители, брат, сестра или пријатели и не чувствувајте вина за тоа.
6. Негувајте ја интимноста
Физичката блискост не мора веднаш да значи секс. Покажувајте си нежност секојдневно: испратете си еден на друг љубовна порака, допир по рамо, бакнеж, прегратка на поминување.
7. Смејте се заедно
Смеата опушта и гради блискост. Гледајте смешно видео, потсетете се на заеднички моменти, раскажете си смешни случки од вашиот ден.
8. Бидете тим, не противници
Не се натпреварувајте кој е поуморен, кој повеќе направил. Поддржувајте се, охрабрувајте се и потсетувајте се секојдневно дека сте заедно во ова.
9. Потсетувајте се секојдневно зошто се заљубивте
Разменувајте мали љубовни потсетници: пораки, фотографии, спомени. Оживувањето на љубовта низ различни активности како пар ја зајакнува врската.
Родителството секако е ново поглавје, но љубовта и интимноста не мора да бидат ставени на пауза. Со малку труд и многу разбирање, можете да изградите уште подлабока врска од порано.