Анксиозност поврзана со хормони: што помага?
Хормоналните промени можат значително да влијаат врз расположението, мислите и нивото на анксиозност.
ПМС, бременост, постпартален период, перименопауза или проблеми со тироидната жлезда се состојби можат да донесат внатрешна напнатост. Добрата вест е дека постојат природни начини кои можат да помогнат во стабилизирање на телото и умот.
1. Балансирана исхрана за хормонална поддршка
Ниското ниво на шеќер во крвта може да ја влоши анксиозноста.
Фокусирајте се на конскумација на: сложени јаглехидрати (овес, интегрален ориз), здрави масти (авокадо, семиња, маслиново масло) и протеини (јајца, мешунки, риба).
Магнезиумот и витамините од Б групата се исто така особено важни за нервниот систем.
2. Редовно, но нежно движење
Физичката активност го намалува кортизолот и ја зголемува продукцијата на серотонин.
Најдобар избор е да се занимавате со: пешачење, јога, истегнување и пилатес.
Дури и 20 минути дневно од некоја од наведените активности прават разлика.
3. Дишење и нервен систем
Кога телото е во „бори се или бегај“ режим, анксиозноста расте.
Пробајте: дијафрагмално дишење, бавно издишување подолго од вдишувањето и техники како 4/6 или 4/7/8 дишење. Ова директно го смирува нервниот систем.
4. Сонот како терапија
Недостатокот на сон ја влошува хормоналната нестабилност.
Легнувајте секогаш во исто време и избегнувајте гледање во екран пред спиење.
Со еден збор создадете вечерна рутина за добар и квалитетен сон бидејќи тој е основа за емоционална рамнотежа.
5. Поддршка од природата
Престојот на свеж воздух, сончевата светлина која испорачува витамин Д и едноиставен контакт со природа имаат директен смирувачки ефект.
6. Билни помагала, но со консумација со претпазливост
Некои билки како камилица, лаванда маточина може да помогнат, но не се за секого.
Ако сте бремени, доите или земате некаква терапија задолжително консултирај се со лекар.
7. Поставување граници и намалување на стресот
Хормоналната анксиозност често се влошува кога преземаме премногу обврски и одговорности, а ги игнорираме сопствените потреби.
Учењето да кажете „доволно е“ е форма на самогрижа.
Кога да побарате стручна помош?
Ако анксиозноста е постојана и е придружена со панични напади, тоа може да влијае врз секојдневието
Разговор со лекар или психотерапевт е важен чекор.
Анксиозноста поврзана со хормоните не е слабост, туку сигнал дека телото бара поддршка. Со нежни, природни промени и разбирање кон себе, можно е значително олеснување и подобра рамнотежа.





