Бремените жени настинуваат почесто отколку жените кои не се бремени поради тоа што нивниот имунолошки систем е послаб во текот на бременоста. Телото треба да ги намали одбранбените механизмеи за да не го отфрли плодот. Кои лекови смеат да се користат во бременоста? Ако сте во блажена состојба и настинати не смеете да користите антихистамини, деконгестанати и лекои против кашлица. Овие лекови не се тестирани на бремени жени и може негативно да влијаат на плодот. Во повеќето случаи може да се земе ацетаминофен против главоболка, а треба да се избегнува ибупрофен и аспирин. Антибиотици да или не? - Постојат антибиотици кои смеат да се земаат во текот на бременоста, но најважно е да ги следите упатствата на лекарот и редовно да ги пиете. Како да ја спречите настинката? - Овој совет за трудниците не се разликува од советот за сите останати. Урамнотежена исхрана, редовна вежба и често миење на рацете ќе ги намалат шансите за заболување. Повеќето лекари ќе препорачаат и пренатални витамини. Што да сторите? - одморајте се повеќе - пијте многу бистра течност - против заптнатиот нос користете назални спрееви на база на морска вода или инхалирајте се - исхраната нека содржи многу овошје и зеленчук - пијте топла вода со мед и лимон - јавете се на лекар ако симптомите траат повеќе од една недела
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
05.06.2009, 07:44
Палешка РР
7505
Како се справувавте со настинките во бременоста? Дали се опасни за плодот?
Јас имам запушен нос веќе два-три дена. Бидејќи не ми е покачено нивото на леукоцитите во крвта докторката ми рече да се лечам само со топли чаеви, супи, природни сокови, повремено и Парацетамол.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.06.2009, 19:41
Adrijana
1301
Procitav na edno mesto deka zapusen nos, ili po poln so sekret od obicno, vo bremenosta e nesto sto e mnogu cesto i normalno, i taa pojava e predizvikana od nekoj od hormonite sto luduvaat vo teloto, najcesto se javuva vo vtoro trimesecje i toa e nesto sto go osekam i jas a ne sum nastinata voopsto, no nosot postojano mi e poln. Ako najdam kaj go procitav toa ke vi kazam.
20.11.2009, 08:18
Палешка РР
7505
Како сум изнастинала луѓе, тројца доктори ме прегледаа и уверуваа дека не е ништо, ама оди нека влези во оваа луда глава. Повеќе имам психички, отколку проблеми со носот.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
20.11.2009, 08:34
Еца
6692
Палешка мила само чаеви од нане, планински,брусница... со многу лимон, мандарини, портокали и се ќе биде добро. Ајде не ми се занесувај, сега пред крај да дигаш паника безвезе. Насмеј се и малку позитивно, што е ова? Леле имаш среќа што не си ми поблиску, ќе те оправев јас, психа...
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
20.11.2009, 08:37
Mila na mama
1152
Богами Еца читам читам по форумов и заклучокот е дека 99,9% од твоите постови пукаат од позитивна енергија. Ти си најоптимистична тука.
_____________________________
love u all
20.11.2009, 08:40
Палешка РР
7505
Таква е Еца наша. Фала за советите и позитивната енергија, јас сеуште се препотувам, незнам дали од страв или од чаевите и супите Леле, само побрзо нека мине, се штукнав.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
20.11.2009, 09:49
m@gic
49
Овој период сум настината.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.11.2009 11:17:56 >
20.11.2009, 17:58
Весна
771
Оуиј, Палешка, еве топли прегратки за побрзо да однастинеш: И секако топличко чајче со мед и цимет
21.11.2009, 14:32
alex_mo
636
Морам да ви раскажам што ми се случи денес. На ММ еве веќе му мине грлото,со антибиотици,син ми на 12ч прима инекции,а мене од синоќа носот ми тече и глава ме боли.Класична настинатост.Му се јавив на матичниот под итно ми рече да одам во итна да земам упат за на ифективно одд,ма изненади.Образожение дека сите бремени мора да се евидентираат на инфективно одд.Малку ме испаничи,отидов во итна и таму исто ,веднаш упат за на инфективно.Отидов и таму ,а докторката испаничена ми рече дека мора да ме прати на инфективна клиника во Скопје,а мене само нос ми тече.Одбив,а таа упорно ми читА- деца,бремени и стари само со благи симптоми и веднаш на Тмаифлу и тоа хоспитализирани.Одбив втор пат и и реков на др. дека сум совесна и ако недајбоже ми е лошо ке се јавам ,а сега апсурдно да се хоспитализирам за течење нос. Да ви кажам дека во здравствово сега владее тотална паника и хаос,а и тој тамифлу колку е сигурен и испитан.. Наравоучение-Пола ден го изгубив,каде што можев повеќе да се разболам(срека носев маска),наместо да си пијам чајче,да си се одмарам и да ми помине од нога.Хаос невиден.....
21.11.2009, 17:08
Палешка РР
7505
Жал ми е alex_mo што си морала низ тоа да минеш. И ние дома минавме низ слични перипетии, прво синчето, па мм, а сега и јас. Еве веќе трет ден, денес сум нешто подобро. За разлика од тебе мене не ме пратија на инфективна, ме советуваа да се држам што подалеку од болници и здравствени центри. Воглавно, настинката ја поминувам во страв да не му биде нешто на бебето, а сите ме уверуваат дека е заштитено
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
21.11.2009, 19:13
alex_mo
636
Пред пола час ,му се јавив на мојот гинеколог и му ги кажав симптомите-течење нос,салба главоролка и поспаност,секако не му кажав за прошетката од матичниот.Само се насмевна и ми рече дека ништо не ми е и да се напијам парацетамол ако ме болат мускулите или имам температура ,ако не убаво да се одморам,повеќе течности и витамин Ц.Која контрадикторност,па нели сите се лекари? А јас толку се испаничив,се изгубив...
21.11.2009, 20:29
cevlice
209
Здраво рингерајки .,еве кај мене што се случува може има веке три недели како поткашлувам има денови насабајле почесто или ноке . Бидејки знаеме дека не смееме да пиеме други лекарства се лечиме со чаеви или прегорен шекер со млеко . Значи болки други никакви само кашлица. Можеби некој од вас знае нешто против кашлица а инаку сум влезена во 9 месец. Голем поздрав до сите
01.12.2009, 20:20
mami
8680
не е настинка, па ако сака модераторот нека го смени прашањево на адекватно место. Ме интересира колку е стафилококата опасна за една трудница? за плодот? може ли да направи проблеми? Прашувам бидејќи драга личност која е трети месец бремена моментално седи дома со оваа бактерија, пред некоја недела и постарото синче беше болно од истата, сега се таа и свекрва и. Што да прават? како полесно да ја излечат?
05.12.2009, 21:32
alex_mo
636
Еве ме мене пак со настинките.Од вчера така убаво си поткашлувам,не ме боли ништо,ни носот не ми е затнат,ама мислам дека од кашлањево ке ми се надразни грлото.Др ми рече само витамини. Ајде ве молам кажете ми што природно или домашно да употребам да ја смирам кашлицава.Јадам овошје,пијам шумливи витамин Ц и магнезиум,имам и калциум,ама прочитав дека не треба да го пијам. И дали е штетно да ставам спреј-морска вода во носот ,да ми ја ублажи кашлицата.........
06.12.2009, 13:27
Палешка РР
7505
Еве еден ефикасен лек за кашлица. 2 лажици шеќер да се препече, се додава 2 филџани благо млеко, 1 лажица мед и 1 лажица маргарин. Овој лек е за еден ден, ја ублажува кашлицата 100 %, јас на Марио му давав и кога беше многу мал.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.12.2009, 13:44
Mila na mama
1152
О да многу го пиев како мала баба ми ми го правеше ем ефикасно ем вкусно. И уште нешто на градите нормално над дојките се мачка мед а врз тоа се става крпа натопена во ракија и многу црн бибер. Се спие со тоа создава топлина а утрото нема ни траг од мед и лепливост по кожата. Помага од искуство си кажувам јас фатив бронхит додка доев а не се напив ни антибиотик ни капки за нос ни далерон се излечив со вакви методи, чаеви како бронхогал, проанги пробронхи лимони и сл.
_____________________________
love u all
06.12.2009, 13:47
Палешка РР
7505
Ех, сега ме потсети Мила на мама на нешто многу ефикасно за бронхит и кашлица. На поголемо парче памук се посолува ситно истолчен темјан и се попрскува со ракија. Се лепи на градите, ама буквално самото се залепува. Додека има настинка памукот стои, потоа сам паѓа..и никако не смее да се откорни. Еххх колку му ставав на градите на Марио...многу ефикасно!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.12.2009, 13:49
Mamicka3
755
Еве и од мене еден за кашлица:
8 поголеми ловорови листови 8 лажици шеќер (полни убаво) 500мл вода Се убаво да зоврие и кога ќе дојде до негде 250мл кога ќе излади се дава по една лажица 3 пати на ден
Кај мене децата многу го сакаат а и е ефикасен:
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009
06.12.2009, 14:03
Весна
771
Еве еден иљач од свекрва ми, така ептен е старински, но зачудувачко ефикасен. И секако не е само за бремените. Волна од јалова (овца што не родила) од делот на градите на којшто лежи таа, треба да е валкана (свеки нагласува никако да не се пере), само се отстрануваат нечистотиите залепени на самата волна (тртушките, каллта), се растегнува, се попрскува со малку ракија и се става на грбот и на градите. Така две-три ноќи по ред и шлајмот гарантирано излегува.
06.12.2009, 17:18
alex_mo
636
Фала ви за рецептите....само уште ме интересира ова со медот,биберот и ракијата на Мила на мама дали смее да се користи за време на бременост? Некако денес ми е малку подобро ,само витамини пиев,ама ноќеска си дежурав.Имав гадна киселина што ме разбуди од сон...потоа едно гадно повраќање,па пролив и сабајле неможев да зборувам од кашлање.ММ ми свари чај ,малку одморив и еве од ручек наваму кашлицата ми е помирна,ама незнам ноќеска како ќе поминам,обично навечер се интензивира...Поззз
06.12.2009, 17:32
Mila na mama
1152
Состојките не се штетни плус се става надворешно и го загрева само делот на градите каде е ставено. Не можам да ти тврдам со сигурност, јас ставав додека доев нормално по третманот туш за да не и мирисам на малата, а кога бев трудна воопшто не се разболев. Можеш по тел д аја прашаш матичната види што ќе каже нема чтета од консултација.
_____________________________
love u all
20.01.2010, 20:34
biljana16
340
Mene izgleda me imaat fateno sinusite mnogu jako. Celata sum zapusena i od vreme na vreme mi tece mnogu nosot. Inaku ne kaslam nemam temperatura ama disenjeto preku nosot mi e premnogu tesko. Dali znaete mozda nekoj priroden lek za da mi se otpusi nosot i da prestane da mi tece oti ne sakam vaka da odam na porakaj.
20.01.2010, 20:40
alex_mo
636
Биљана 16,свекрва ми кога ке ја фатат синусите топли јадра сол,дел ја витка во кпрче и ја става помеѓу веѓите на челото,а другиот дел под носот и диши од неа.Нејзе многу и помага.Пробај
30.01.2010, 20:28
Iv14
28
јас изгледа сум ги настинала јајниците знаете некој лек за тоа?