writing-img

Железото во крвта

  
clock-img

14.11.2009, 11:45

clock-img

mami

pencil-img

8680

Железото е многу важна состојка за производство на хемоглобинот во крвта и за снабдување на клетките со кислород. Исто така е неопходно и за здрав имунолошки систем, како и за создавање енергија. Поради сето ва треба да знаеме некои факти во врска со правилнотот користење на суплементите со железо
- Железото се зема заедно со вит. Ц. Присуството на вит.Ц ја зголемува апсорбцијата на железото за повеќе од 30%.

- Витамините А и Б комплексот, како и фолната киселина истотака се неопходни за целосна негова апсорбција.

- Лековите за намалување на киселината во желудникот- антацидите, ја намалуваат можноста за апсорбција на железото, па нив избегнувајте ги

- Позитивно влијаат и бакарот, манганот и молибденот- сите тие придонесуваат за целосна апсорбција на железото.

- Калциумот во голема мера ја отежнува апсорбцијата на железото. Ова е особено важно за трудниците на кои им се препорачуваат двата минерала. Зата се препорачува да се направи пауза од 2-3 часа помеѓу оброци кои содржат калциум и земањето храна богата со железо.
Какаото е богат извор на железо па затоа се препорачува да се подготвува со вода, наместо со млеко кое изобилува со калциум.

ОСОБЕНО ВАЖНО: Додатоците во исхраната со железо треба да зе земаат во консултација со лекар

clock-img

17.11.2009, 08:31

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Зошто е потребно железото?
Железото е важно за создавање на хемоглобинот, протеин во црвените крвни зрнца кој го дистрибуира кислородот до други келии. Исто така е важна состојка на миоглобинот (протеин кој го помага доставувањето на кислородот до мускулите), колагенот (протеин во коските, рскавицата и другите поврзувачки ткива), и многу ензими. Уште поважно е тоа што железото помага во одржување на имунолошкиот систем. За време на бременоста, потребата од железото значително расте. Прво, количината на крв се зголемува за скоро 50% повеќе од вообичаено, затоа е потребно повеќе железо за да се создаде повеќе хемоглобин. Повеќе железо е потребно и за плодот кој расте секојдневнo и за плацентата. Повеќето жени ја започнуваат бременоста без значителна залиха на железо во нивниот организам за да можат да одговорат на зголемените потреби - особено во второто и третото тромесечје од бременоста - и неможат да го покачат нивото на железото само преку исхраната, па многу често е потребно земање на дополнително количество на железо.

Колку железо е потребно за време на бременоста?
Препорачаната количина е 27 mg дневно за бремени жени, што е многу повеќе од 18 mg дневно кои ви се потребни пред да забремените. Дали да користам додатоци?
Повеќето од експертите сметаат дека треба. Иако телото за време на бременоста подобро го абсорбира железото, најверојатно нема да можете да примите доволно количество од овој минерал само преку правилната исхрана, дури и да сте здрави. Се препорачува дневно по 30 mg железо. На првиот преглед кај гинекологот најверојатно ќе препорача витамини наменети за бременоста кои содржат најмалку 30 mg железо и ред други витамини и минерали.

Која храна е најдобар извор на железо?
Освен ако не сте вегетарјанец, црвеното месо е еден од најдобрите извори на железо за време на бременоста. Џигерот има најголема концентрација на железо, но истовремено содржи количество на витамин А кое не е безбедно за време на бременоста и затоа во тој период избегнувајте негова консумација.
Месото, живината и рибата имаат тип на минерал наречен heme железо кој е полесен за абсорбција, отколку оној кој може да се сретне во мешунките, зеленчукот и житариците наречен nonheme железо. Nonheme железото се користи во исхраната збогатена со железо и додатоците. Од тие причини вегетарјанците имаат потешкотии во примање на доволна количина на железо од секојдневната исхрана.
Но,ова не значи дека треба секој ден да јадете големо парче месо за да ги задоволите дневните потреби од железо. Со додавање на мала количина на месо или риба, и храна богата со витамин Ц како на пример: сок од портокал, јагоди или брокули  во вашето дневно мени ќе помогне вашето тело да прими повеќе железо. Еве уште неколку совети како да внесете доволна количина железо од храната која ја консумирате:
-гответе во тава од леано железо
-намалете со кафето и чајот или пијте ги помеѓу оброците, бидејќи тие содржат состојки наречени феноли кои ја попречуваат абсорбцијата на железото. Истото го прави и калциумот, па ако земате додатоци од калциум во тој случај додатоците земајте ги помеѓу оброците.

Што би се случило ако не се внесува доволна количина на железо?
Во случај кога не внесувате доволно железо, со тек на времето залихите во организмот се исцрпуваат. Кога би дошле во ситуација кога немате повеќе железо во крвта за да се создава хемоглобин, станувате анемични. Анемијата или недостатокот од железо може да ве изнемошти  и го оневозможува вашето тело да се бори против разните инфекции. Исто така може да влијае на бременоста. Недостатокот на железо во првото и второто тромесечје е поврзано со предвремено породување и бебе со мала родилна тежина. Ако анемијата се појави во подоцнежниот период од бременоста можно е да имате потреба од трансфузија и или пак да имате други проблеми доколку изгубите многу крв при пороѓајот. Додека е во матката вашето бебе само се грижи за добивање на потребното количество железо. Тоа ќе си земе онолку колку што му е потребно пред вас. Но ако имате значително ниско ниво на железо, може да ги загрозите залихите на железо на вашето бебе при раѓањето, и зголемувајќи го ризикот за појава на анемија подоцна. Кои се знаците на недостаток од железо анемија, и како се лекува?
Може и да немате никакви знаци кои би укажале на анемија и да се изненадите кога ќе дознаете дека сте анемична  при рутинска проверка на крвта. Или пак може да се чувствувате изморени, изнемоштени и да имате појава на вртоглавици. Можеби би имале повеќе бледило од вообичаено, особено кај ноктите на прстите на раката, внатрешниот дел од очните капаци, устата, дури и забрзано чукање на срцето, кратко дишење, проблеми со концентрацијата.
Поради можните проблеми како резултат од анемијата, за време на бременоста контролата на крвната слика се прави уште при првиот преглед. Ако се констатира дека имате недостаток од железо тогаш би можело дневно да примате и 60-120 mg железо.

Дали има контра ефекти од земање могу железо?
Високи нивоа на железо можат да му наштетат на вашиот гастроинтестинален тракт. Најчеста последица е запек, што е веќе и така проблем за многу трудни жени. Истотака, но многу ретко, може да имате и дијареа. Доколку имате запек пробајте да пиете сок од сливи тоа би требало да ја регулира вашата столица. А и доколку изметот ви е темен не се секирајте тоа е вообичаена појава.

clock-img

17.11.2009, 08:40

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Za pokacuvanje na zelezoto jas piev ferlatum fol premnogu e krozno trebase da pijam cel mesec jas piev 20 dena i sreka mi se pokci zelezoto

clock-img

17.11.2009, 08:49

clock-img

mami

pencil-img

8680

и јас требаше да пијам некои грозни ампули, ни името не им го памтам, ама неможев па поминав со сируп :) ама кај мене ништо ново- секогаш ми е слабо железото, а во бременоста особено ми беше.

clock-img

17.11.2009, 08:52

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ама кај мене ништо ново- секогаш ми е слабо железото, а во бременоста особено ми беше.



и јас!!!

clock-img

17.11.2009, 08:55

clock-img

ripce

pencil-img

2148

мене ме интересира од која возраст може сок од цвекло? мојот е 9 месеци, има блага слабокрвност, пиеме легофер со витамин ц во последниве 2 месеци.

clock-img

17.11.2009, 09:00

clock-img

mami

pencil-img

8680

па јас мислам дека можеш..јас му давам на Лука од рецептот на Палешка- рендано цвекло, јаболко, морков, со една лажица мед и го оставаш да отстои една нок и утрото го прецедуваш преку газа и му даваш да пие..јас порано му го разредував со малку водичка, сега веќе не, и повеќе го сака тој сок, отколку другитеuser posted image

clock-img

17.11.2009, 15:05

clock-img

alex_mo

pencil-img

636

  Мислам дека можам книга да напишам за недостаток на железо во крвта.ПОследниве неколку години се замарав со овој недостаток,а сега кога сум бремена на моја среќа немам проблеми..Секакви лекови и домашни рецепти сум пробала и еве ви еден мал совет од мене
  Преку исхрана само мед измешан со семе од коприва(се наоѓа во аптеките за здрава храна)
  Преку лекови,ако преку исхрана не ви го апсорбира ,само Фероглобин...чудо од лек






clock-img

17.11.2009, 15:08

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Недостаток на железо


Лошата крвна слика и анемијата може да бидат последица на недостаток на железо во крвта.
Недостатокот на железо значи дека во организмот немате доволно количество на железо.
Железото е важна составка на хемоглобинот што го пренесува кислородот во крвта.
Луѓето кои патат од недостаток на железо лесно се уморуваат бидејќи им недостасува во организмот кислород.
Симптоми на недостаток на железо
Ако личноста е здрава, симптомите ќе се појават откако нивото на хемоглобин ќе падне под 10g/dl.
- иницијалните симптоми се умор, вртоглавица и тахикардија
-недостатокот на кислород дури и при најмал напор
- бледило
-несвестици
- кај потежок облик на анемија има ангина (болка во градите), главоболка и болки во нозете (потешкотии со одење)
Во наведените случаи на недостаток на железо се јавуваат и
- чувство на пецкање на јазикот
- суво грло и уста
- рани на рабовите на устата
- кршливи нокти
- неодолива желба за одредена храна (често некоја храна што нема железо)
- кршлива коса
- потешкотии со голтањето

clock-img

13.12.2009, 15:29

clock-img

mami

pencil-img

8680

Бидејќи веќе подол период не се чувствувам баш најдобро, сега кога си ги препрочитав симптомите гледам дека е конечно време да си ја прегледам крвта, а особено железото- си го знам однапред резултатот, само да не ми ги дадат тие одвратните ампулиuser posted image

clock-img

13.12.2009, 15:32

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Јас отсекогаш сум имала супер крвна слика иако сум била слаба како чачкалица а и моите деца се исто како мене.Не внимавам да јадат храна исклучиво богата со железо и никогаш не имале проблем.Мартин до 3 год пиеше само млеко и пак имаше супер крвна слика.Мислам дека тоа е наследно.

clock-img

13.12.2009, 15:35

clock-img

mami

pencil-img

8680

можно е...еве Лука е како мене со железото, е сега незнам кај моите како е..мајка ми знам никогаш немала проблем со него, а и сестра ми исто..ке да е од на татко ми страната, јас  некако по на нивно влечамuser posted image

clock-img

13.12.2009, 15:38

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Lele luge jas prethodnava nedela ja proveruvav krvta i imam problem.Se e vo red samo sto treba da dadam krv.Imam premnogu jaka i pocnuva da mi zgrutcuva barem taka mi kazaa.
Zelezoto odlicno hemogolobinot super holesterolot ko da go nemam barem taka mi rece doktorkata, samo malku e povisen sekerot, zatoa i sum imala vrtoglavici.
Taka da ovaa nedela moram da odam da daruvam krv za da bidam vo red.Ne mi e prv pat vaka, no ne obozavam bas da daruvam, malku sum gadliva na iglite.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

13.12.2009, 15:41

clock-img

mami

pencil-img

8680

Мајка ми е долгогодишен крводарител, баш од таа причина и неа крвта и е многу јака, и прво почнало како потреба а сега  веќе од љубов, навика, што и да е, само знам дека откако ке дарува крв се чувствува многу подобро и психички и физички

clock-img

13.12.2009, 15:44

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

mami i mene ke mi bide podobro zdravstveno a i humano e .Do sega imam daruvano 14 pati, od koi dva pa-ti barav da znam kade ke otide mojata krv i mi se javija i bea nameneti za dve bebenca srcinja mali i ostanav vo kontakt so niv.Sega se golemi i zdravi deca i mnoogu mi e merak sto sum pomognala.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

13.12.2009, 15:45

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

мене последен пат ми бесе многу слабо железото ( може пијавиците ми испиле се user posted image user posted image ) Пак добив доза од грозни таблети

clock-img

13.12.2009, 15:48

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

arh_diz da ti dadam jas malku krv jas go imam premnugu zelezoto a i mnoogu krv imamuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

17.12.2009, 18:11

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Мислам дека тоа е наследно.



Јас имам низок хемоглобин, исто и со син ми имавме проблем, сега е во нормала, баш правевме крвна слика пред една недела и му е покачен на 111. Додека пиевме Легофер, не ни се покачи, паузиравме извесен период, нормално по препорака на педијатарот, но во тој период му правев на PowerJuicer-от сок од цвекло, морков и јаболки го зовривав на оган и го полнев во шишенцата од Хипп што се, ги затворав и замотував во голема крпа и така ги оставав постепено да се оладат преку ноќта и да се затворат. Секојден му давав по едно шишенце, и еве мислам дека од тоа ни се покачи хемоглобинот.

clock-img

17.12.2009, 18:20

clock-img

Maria

pencil-img

533

Мислам дека сите деца се до година,година ипол со низок хемоглобин.Така на пример јас цела бременост со Илија имав над 140 хемоглобин,дури и кога се породив,149,а тој до година ипол имаше 100-105,дури еднаш му се намали и на 89,што многу не исплаши.Сега му е добар,па дури веќе и не го проверуваме.А во оваа бременост имам послаб хемоглобин,на почетокот ми беше 133,а сега на крајот од бременоста ми се намали на 122.Но мило ми е што немаше потреба од примање сирупи и таблети.user posted image  

clock-img

19.12.2009, 00:38

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Еве ме и мене со слабото железо...на граница ми е мора да се зголеми...сега пија едни таблети...3 месеци треба да ги пијамuser posted image среќа што е е дна таблета на ден иначе знам и да забораам...а Мами тие ампули да не се викаат Тотхема???Јас ги иам пиено...ама не ми беа толку грозни иако не се вкусни да...ама полесно ми е со апче.

clock-img

19.12.2009, 15:36

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Тотемата е во вид на стаклено шишенце,црна течност што се додава во чаша вода или сок.Мене ми ги препорачаа да ги пијам со првата бременост но неможев никако.Ми предизвикуваа гадење и тешки се за пиење но викаат за слабокрвност се одлични.

clock-img

19.12.2009, 16:50

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

јас пијам ферлатум фол повторно црна тецност во пластицно шишенце така се пие грозно е премногу

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

08.01.2010, 11:20

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Анемијата предизвикана од недостаток на железо често се јавува кај децата, тинејџерите, жените со интензивни менструални крвавења и кај старите луѓе.
На сите кои патат од анемија им се препорачува исхрана со продукти кои содржат железо, покрај препаратите со железо кои им ги препишал лекарот.

Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Колку организмот ќе го искористи овој елемент зависи, пред се од формата на железото во продуктите. Така, железото во производите од животинско потекло многу подобро се апсорбира, за разлика од она во зеленчукот.

Апсорпцијата на железо од билките се подобрува ако во истиот оброк тоа се комбинира со продукти богати со железо од животинско потекло. Но при овие комбинации треба внимание зашто постојат продукти кои ја подобруваат апсорбцијата, но и такви кои ја забавуваат или отежнуваат.

Продукти кои ја инхибираат ( отежнуваат ) апсорпцијата на железо од другите продукти се спанаќот, црното вино, кафето, чајот, блитвата, сојата и соините производи.

Продукти кои ја подобруваат апсорпцијата се цитрусите ( портокал, лимон, грејфрут ), јагоди, брокули, домати, сок од домати, компир, зелена и црвена пиперка и бело вино.

Внесувањето 100 милиграми витамин Ц со јадењето може 100 отсто да ја зголеми апсорпцијата на железо.

Доколку за време на оброкот или после оброкот испијте чај или кафе ја намалувате апсорпцијата на железо за 50 до 100 отсто.


_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

08.01.2010, 17:11

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Јас отсекогаш сум имала супер крвна слика иако сум била слаба како чачкалица а и моите деца се исто како мене.Не внимавам да јадат храна исклучиво богата со железо и никогаш не имале проблем.Мислам дека тоа е наследно.


потпи..исто и јас и Марко

clock-img

08.01.2010, 17:47

clock-img

iki82

pencil-img

367

Мене цел живот ми била слаба крвта, и сум била ептен слаба. Пред неколку години пиев Тотхема ампули и мене ептен ми помогнаа, за еден месец ми ја подобрија крвта. Малку се тешки за пиење, ама не е толку страшно. Од пред неколку години малку накачив на килажа и почнав да се хранам поздраво и фала богу веќе не сум слабокрвна.

Последни статии

article-img