sasaicko па за мирувањето некои клиники викаат три дена, некои еден ден, некои лежат строго две недели, некои пак уште истиот ден после лежењето во болница си се враќаат на секојдневни обврски. Јас конкретно лежев три дена (на враќање се возев дури со скроз легнато предно седиште) но станував за вц, јадев на маса, да излезам на балкон некоја минута и за туширање сите три денови. Третиот ден вечерта си се прошетавме со мм по улички.
весник, за столицата мислам сите патат, и јас ептен имав мака, 2-3 дена се измачив. мислам дека е комбинацијата од стрес, лежење, лекарства хормони итн па затоа е така. Јас пробав со сливи не ми помогнаа баш, пробав со лажица маслиново масло на гладно и не ми помогна. И на крај едно сабајле на гладно изедов една цела диња и тоа ми заврши работа, ама тешко е. Ајде со лесно нека е на трансферот, и мој совет е бешиката да не ви е препреполна тоа навистина ја прави постапката непријатна. Пола литар 2 саата пред е доволно, а не како мене, кафе и чај, и чаша вода за лековите и плус 500 мл.
Инаку, некој друг праша, јасуште ги пијам сите лекови, естрофем 3*2, аспирин1, кринон навечер и метформин 2*1. Ич не ми е мерак, ама така ми рекоа, така правам. За овој метформинов уште се чудам зашто ми го дадоа и зашто уште го пијам, ама нека не чува господ.
Се изнапишав, извинете за предолгиот пост, имајте сите убав ден