cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Менструацијата по првиот циклус. Разбирање на менструалните промени по првата менструација

Првата менструација (менарха) е важен момент во развојот на секое девојче. Обично се појавува помеѓу 10 и 14 години, но може да дојде и порано или подоцна.

Менструацијата по првиот циклус

Во првите неколку години по почетокот на циклусот, телото сè уште учи да воспостави хормонална рамнотежа, па е сосема нормално да се јават одредени нерегуларности.

Познавањето што е вообичаено, а што може да биде знак за проблем, помага девојките и родителите да се чувствуваат информирано и смирено.

 

Што е нормално во првите години?

1. Нередовен циклус

Во првите 1 до 3 години, циклусот често не е стабилен. Може да се јавува на секои 21 до 45 дена. А понекогаш циклусот може да прескокне еден месец, без да е знак за проблем.

Ова се должи на незрелоста на хормоналниот систем.

 

2. Промени во количината на крварење

Некои циклуси се поблаги, некои посилни и може да има браункаста боја на почеток или крај.

Телото сè уште регулира колку ендометриум се создава и исфрла.

 

3. Болка и грчеви

Често се појавуваат лесни до умерени болки во долниот дел на стомакот.
Тие се резултат на стеснување на маточните крвни садови и мускулни контракции.

 

4. Промени во расположението

Хормоните секако влијаат на емоциите. Па затоа промените во расположението, чувствителност или раздразливост се вообичаени.

 

Кога нешто не е нормално и бара лекарска проверка?

1. Многу силно крварење

Ако  треба да се менува влошка или тампон секој 1до 2 часа и менструацијата трае повеќе од 7 дена.

Ова може да укажува на хормонален дисбаланс или проблем со коагулација.

 

2. Менструацијата изостанува повеќе од 3 месеци

Ако циклусот престане подолго, потребно е да се исклучат: PCOS, значително намален или зголемен BMI, стрес или нарушувања во исхраната.

 

3. Исклучително силни болки

Ако болката: ја спречува девојката да оди на училиште, бара посилни лекови, предизвикува вртоглавица или повраќање, може да се работи за ендометриоза или други состојби.

 

4. Крвавење меѓу циклуси

Крвавење надвор од менструација не е вообичаено и потребно е да се провери.

 

Како да и се помогне на девојката во овој период?

  • Разговарајте со неа без осуда за да се создаде чувство на разбирање и сигурност.
  • Создадете со неа практика за водење календар на циклус било во тетратка или апликација.
  • Потребна е здрава исхрана и доволно сон бидејќи хормоните бараат стабилна поддршка.
  • Леснате физичка активност помага да се намалат болките и напнатоста.

 

Првите години од менструалниот циклус се период на приспособување.
Неправилностите се чести и нормални, додека некои симптоми може да укажуваат на потреба од лекарска проценка.

Најважно е девојките да знаат дека нивното тело се развива и дека нема „совршен“ циклус постои само циклус што е нормален за нив и нивното тело, сè додека здравјето и благосостојбата се во рамнотежа.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет