Нашата принцезичка се вика З.а.н.а. С.о.ф.и.а (читајте го без точките, точките го ставив за приватност-да неможе постот да биде пронајден преку google search). И двете имиња се со посвета на личности што се битни во нашите животи, најчесто го користиме првото име а ретко и двете. З.а.н.а по свекрвами (Снежана накратко Жана) и Софиа по бабами која што ми го спаси животот и загина во сообракајка кога имав 3 год.
Мене оваа тема за имиња ми е од омилените :) еден тон идеи имам за женски имиња, еве некои: Малиа/Калиа, Калина, Теса, Клара, Зара, Каиа/Маиа/Каја, Амалиа, Ема, Ања, Елла, Ава, Максима, Пела, Димитра, Далиа, Мела, Диамона, Алекса/Алексиа, Луциа/Лусиа, Хана, Вила, Фиона, Марбела, Уна, Енна уфффф колку многу женски имиња има што ми се допаѓаат а со машките ми оди малки потешко еве некои: Дарин, Калин, Максио, Иан/Јан, Луцио/Лусио/Луциан, Амарио, Аматео/Матео, Лука не ми текнуваат други машки имиња. Мм сака покласични македонски имиња а јас вкус-урнебес и мака немам, свеста му се зеде кога ја виде мојата листа со имиња :) најбитно е родителите да си одберат имиња а сите имиња се убави и имаат посебно значење за родителите и нормално името на своето дете е најубаво за секој родител.
П.с еве уште еден бисер што би рекол мм (за грев страв му беше кога биравме име и ке му речев ново име ми текна), мислев дека името Бело е убаво име за машко :) мм ми кажа дека ми се споиле жичките :) понекогаш стварно и ми се спојуваа :)) хахаха