cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Емоционалниот товар на неплодноста. Како влијае на парот?

Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално искуство. Таа често носи стрес, неизвесност и тивка болка која влијае и на поединецот и на врската меѓу партнерите.

Емоционалниот товар на неплодноста

Иако секој пар реагира различно, постојат заеднички емоционални и психолошки промени кои често се појавуваат во овој процес.

 

1. Стрес и постојана неизвесност

Периодот на обиди за зачнување може да стане извор на континуиран стрес.

Најчесто се јавува:

  • постојано размислување за резултатите,
  • анксиозност пред секое тестирање,
  • чувство на губење контрола,
  • емоционален замор.

Оваа неизвесност може да го наруши секојдневниот мир.

 

2. Емоционално оптоварување кај двајцата партнери

Иако често се зборува за жената, неплодноста влијае и на мажот.

Кај парот може да се појави: чувство на вина, срам или стигма, разочарување по неуспешни обиди и различно справување со емоциите.

Секој партнер може да ја доживее ситуацијата на свој начин, што понекогаш создава недоразбирања.

 

3. Влијание врз интимноста

Планирањето на бременост може да ја промени природната динамика на врската.

Па можно е интимноста да стане задача наместо спонтаност и со тоа да се намали емоционална блискост меѓу партнерите.

Притисокот пак околу плодните денови создава чувство на обврска наместо поврзаност.

Ова може да создаде дополнителна дистанца меѓу партнерите.

 

4. Тага и чувство на загуба

Многу парови доживуваат процес на повторена емоционална тага.

Тие се разочаруваат по секој неуспешен обид, а тоа побудува чувство на изгубена надеж.

Она што ја прави ситуацијата уште потешка е појава на емоционална болка при гледање други семејства со деца. Тоа тивко тагување без изразување.

Ова е нормална, но често потисната реакција.

 

5. Комуникацијата станува клучна

Начинот на кој партнерите разговараат меѓу себе има големо значење.

Во овој случај помага: отворен разговор без обвинување, споделување на чувствата, не само фактите, меѓусебна поддршка и заеднички одлуки за следни чекори.

Недостатокот на комуникација може да ја зголеми дистанцата.

 

6. Социјален притисок

Околината понекогаш несвесно создава дополнителен товар.

Прашањата за деца, споредбите со други парови и наметнување на очекувањата од семејството може да ја зголемат емоционалната тежина.

 

7. Како паровите можат да си помогнат?

  • Прифатете психолошка поддршка или советување.
  • Правете заеднички активности надвор од темата бременост.
  • Направете паузи од медицинскиот процес кога е потребно.
  • Грижете се за менталното здравје;
  • Развијте ја меѓусебната емпатија и трпение.

 

Неплодноста е сложено искуство кое влијае на емоциите, врската и секојдневниот живот на парот. Иако патот може да биде тежок, со добра комуникација, поддршка и разбирање, паровите можат да го зачуваат својот однос и да поминат низ овој период со поголема сила и поврзаност.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет