Gwendolin -> RE: Колку човек да трпи? (26.3.2013 18:08:40)
|
Квин душичке, како што се спомена во многу постови, сите тука сакаат да ти ги отворат очите и да ја погледнеш реалната ситуација во која се наоѓаш. Никој тука не ти мисли лошо. Ситуацијата како што ни ја претстави, ние сите ја гледаме објективно, а ти си таа што си емотивно вплетена во овој случај и затоа си ја гледаш работата од свој агол. Не ни се лути, сите пробуваат да ти помогнат да ја согледаш вистинската слика. Може те болат некои зборови, зашто многу често вистината боли, па наоѓаме начин да не ја прифаќаме преку лутење,негирање и сл. Да не ти раскажувам примери на другарки кои се омажиле за дечко само заради што имале над 35 год. Едната е разведена, другата трпи и пие седативи. Не е крај на свет ако посакаш светлина и убав живот за себе. Ете, сакаш да му помогнеш на човекот што го сакаш. Многу храбро и благородно од тебе. А дали тој сака да му помогнеш? Ја прифаќа ли понудената рака? Да ти одговорам на прашањето, мостот се прави од две раце, кога едниот ќе понуди рака, а другиот ќе ја прифати. Тоа е метафорично мостот, кога двете страни ќе решат дека е време да се разберат што сакаат од животот, а НЕ само ЕДНИОТ. А инаку ти предложил ли брак? Разговаравте ли за конкретните работи, значи не теоретски во стил, аха, ќе се земеме, ќе ни биде убаво, туку точно каде ќе се живее, од кои пари, кој што обврски ќе има дома, кога ќе се зачнува дете, како ќе се уреди дневната...Дали вие ЗАЕДНИЧКИ планирате соживот или само ТИ го планираш тоа? Презема ли тој некои чекори за заедничкото живеење, конкретни планови? Зашто ако веќе си решена дека тој е човекот на твојот живот, а времето си лета...кога ќе ги решите тие прашања? Кога ќе му помине кризата, тогаш ли? А како да знаеш колку време ќе го маваат кризи и колку ќе трае тоа? Месец, 5 години? Немој душичке да се мачиш, те молам само постави си ги овие прашања и искрено одговори си. Не мене или на форумот, ти самата одговори си. Ја жртвуваш ли твојата среќа за каприците на некој друг? Го трошиш ли ти твојот единствен и неповторлив живот и твоето неповратно време со човек кој можеби страда, но со тоа доведува до страдање и други? Нема магично решение кое ќе ја разврзи устата на твојот партнер и ќе го натера да сподели со тебе што му лежи на душата. Или ќе сподели,или не. А дали и кога ќе се отвори, ни ти не знаеш. А инаку свадба и сл. не прави некоја карактерна промена во човекот. Ради еден ден со ора и чочеци, нема другиот ден човек да се разбуди променет во карактер. Ако ќутел, пак ќе ќути, ако рчел во спиење, пак ќе рчи...Само обврските се поголеми, компромиси за многу работи... Ете уште еднаш размисли зошто баш го постави тука прашањето - колку човек да трпи? Имаш избор. Треба ли да трпиш воопшто? Или можеби имаш желба да трпиш ради љубов, години и сл. па ајт фрли си го животот во трпење, молчење и неизвесност. Пак не знам да ти дадам совет како да го натераш човекот да сфати дека постоиш, макар да сум била во ситуација ко твојата. Со таа разлика што имав 28 год. Во мојот случај тој сеуште е повлечен, има некои проблеми и кризен период кој трае веќе 4 и пол години, место ден-два како што ме убедуваше. Сеуште тапка во место со тие кучешки тажни очи и едно младо девојче кое трча по него, му ги исполнува желбите и е нонстоп со него. Го гледам понекогаш, ми се насолзуваат очите зашто сепак го сакав, но избегав од него. Ми пукна филмот, викав по стоти пат по него, а тој по обичај молчеше. Си заминав од него и не кревав на тел. Преживеав пекол, ама преживеав е клучниот збор. Сега имам маж и бебе. Сфатив дека мојот живот ми е побитен од неговиот. Не го продадов остатокот од мојот скапоцен живот за години неизвесност,колебање и несигурност. Ама тоа беше мој избор. Твојот ќе си го направиш сама и ќе си живееш до крајот на животот со твојот избор, каков и да е. Ти посакувам среќа и љубов, без разлика што и да направиш.[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|