| 
	   
	    | 
		    
			  | Hopeful RR ->  RE: Вештачко оплодување VIII дел  (21.3.2016 22:54:27) |  
			  | Во однос на дискусијата за сестрите и докторите - не се работи за реклама, и секако дека треба да се разговара за нив, бидејќи се дел од процесот, но конкретно оваа дискусија малку премина во рекла-казала, и треба да задржиме ниво. Сите сакаме да и помогнеме на Капина, најмногу самата таа, и иако одамна пиша дека ќе размисли накнадно каде би правела ивф, повторно се разврза муабетот. Здравје, кога ќе дојде до тоа, ќе разговараме и поконкретно.
 
 MademoiselleNina, баш ми е мило што ти се допадна филмот, мене ептен ме погодува и секојпат плачам кога Џенифер Лопез ќе си го земе бебето [sm=smiley19.gif][sm=smiley36.gif]
 
 Pepapa, ништо на своја рака, добро што си се јавила, со Полигинакс ќе се среди нелагодноста. Како оди боцкањето? [sm=smiley1.gif]
 
 Среќичка, со среќа утре на пункција, нека има што повеќе квалитетни јајце клетки! Те чекаме да ни пишеш кога ќе бидеш во можност! [sm=smiley31.gif]
 |   
	          | 
 |  |  |