Octavia -> RE: Сакам бебе но тој не!!! (16.5.2013 11:27:25)
|
Прво, (сега ова е малку после свадба тапани, ама сепак)-за вакви важни работи се зборува ПРЕД брак. Значи, став за деца, каде да се живее, како да се живее заедно, барем начелно би требало да се направат некои муабети. Второ, генерално не сака деца или не сака деца сега? И тоа има разлика. Ако станува збор дека не сака деца сега, а би сакал подоцна, можеби едноставно сака да уживате малку во брак, може не е спремен емотивно, можеби финансиски, можеби сака прво да обезбедите некои работи... Не знам, само редам опции зашто ништо не си напишала конкретно. Ако не сака деца генерално, ни сега ни никогаш, а ти сакаш, тоа е веќе поголем проблем за кој за жал не постои компромис. Ако ти се откажеш од желбата за дете, ќе му забележуваш цел живот, ако тој се согласи на дете без да сака, само заради тебе, ќе те обвинува тебе цел живот. Тоа е многу крупна работа и тука убедување тешко поминува. Трето, иако е малку веројатно, дали можеби тој има некој проблем, можеби болест, неплодност и сл. заради која дури и разговор за дете му е непријатен и го сфаќа како напад? Има тука мн варијанти, ама Ники убаво ти напишала, ПРВО мора да разговарате зошто и од каде таа одбивност.
|
|
|
|