Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (12.8.2011 14:44:53)
|
Здраво женски! Јас само што проверим крвна слика и урина и ми е супер, фала Богу, тој таму што вади крв ми вика сега можеш да се породиш, а и да дадеш крв во трансфузиологија. [sm=bravo.gif] Мада јас и очекував да ми биде добра крвта, бидејќи јадам секојдневно овошје, зеленчук, плус пијам пренатал и секој ден земам ферум-тие таблети што се шмукаат, па викам на сето овоа да не ми биде крвта добра, па не знам тогаш како ќе биде? Ама сепак ќе продолжам до крај со тие таблети за железо и со мултивитамините, бидејќи ми кажаа докторот така. Ептен сум веќе возбудена да го видам бебето следната недела, бидејќи помина 2 месеци од последниот пат. Оно е многу активно, стомакот ме боле колку скока внатре. Срце на мама [sm=smiley31.gif] Туку, да ве прашам од синоќа и денес имам некои благи болки во половината, во пределот каде се бубрезите,не се чести, па се спушти болката во нозете,имам чувство како да ми се отрпне, онака баш како што кога треба да добијам, нормално ли е тоа да веќе чувствувам некои припремни контракции (всушност и не знам тоа ли се контракции, болките ми се некако недефинисани)? Инаку сум 35+4гн.
|
|
|
|