|
Snowhite RR -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (29.1.2012 10:41:26)
|
Болна тема и за мене е ова, било да се работи за денско или за вечерно заспивање, мислам дека најмногу време губам во успивање, 2ч дење, 2ч навечер и ако некогаш се разбуди рано на сабајле (ретко, ама се случува) значи јас 5-6ч од денот губам во заспивање. Значи се спремаме, облекуваме пижами, постиламе, гасиме светло, пуштаме цртани, некогаш читаме сликовница, ама пред 23ч не заспива, како темпиран да е и да му се спија, лежи на мене (тоа е уште еден проблем, што сака кога заспива на мене да лежи) и како да чека да дојде 23 и тогаш заспива. Ќе пукнам, а многу сакам уште кај 21 барем да е заспан, да имам време малку за себе да погледам тв или книга да прочитам, или со мм да се видам, а вака јас понекогаш заспивам пред него. И што е најтрагично и на сабајле рано се разбудува, пред мене или само јас што ќе станам, што значи јас буквално цело време само со него се занимавам
|
|
|
|