sandriana RR -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (27.7.2015 12:43:47)
|
Sonc90, имав иста ситуација со големата ќерка, а и малово не е многу различно. Сета среќа кај мене е што од 9 месеци се во градинка, па денското спиење поминува таму преку недела, а се гњавев/гњавам за викенди и празници. Големата цицаше 20 месеци, и се дур не ја одбив, заспиваше на града, и дење и ноќе. Со друг и во градинка не правеше проблем, но со мене строго на града. Откако ја одбив, дур не се породив со 2рото, ми заспивање в скут. Сега веќе цела година заспива сама, и дење и ноќе. Малово исто - само е за нијанса посамостојно [sm=smiley1.gif]. Цица некоја минута, ја нишкам 10тина минути и ја ставам во кревет. Мислам дека вака ќе терам и со нејзе, до одбивање, од проста причина што јас не сум спремна за тренингот за самостојно заспивање. Решението е во тебе - кога и како ќе одлучиш да ги промениш работите.
|
|
|
|