|
blue_blue -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (5.2.2014 13:12:06)
|
beblak, те читав и во темата за доење, еве и тука, па ќе пробам на едно да ти одоговорам од лично искуство, а и од туѓи слични искуства. Близнаци се и мислам дека за тебе а и за нив е полесно да спијат заедно. Не гледам зошто треба да бидат оддлени. Тоа дека ќе го буди едното другото е чист мит, мене тоа никад не ми се случило. Моите дури спиеа во едно креветче до 4 ипол месеци и мислам дека тоа ги правеше посигурни, дека не се сами. Ние спиевме сите во иста соба, јас и маж ми на голем кревет, децата во своето креветче, после секоја во свое креветче. Имаа и цуцли лажалки на кои ги научив зошто во дадени моменти, како заспивање се покажуваа многу корисни. Исто така имаа и едни играчки (секоја по една) кои всушност беа како крпче па можеа да си го држат во рака и да го јадат. Прво се доеше едното дете, обично тоа е она кое е понетрпеливо поплачко, па кога таа ќе завршеше со цицање добиваше АД млеко, веќе спремно и веднаш одеше во кревет. Имаше над глава од оние мечиња кои се вртат...После тоа си седеше сама во соба додека ја бањавме сестра и, па после сестра и цицаше па добиваше шише со АД млеко, цуцла во уста и во кревет. Затемнето во соба, ние излегуваме и они си заспиваа. Занчи секогаш во исто време, доење, АД млеко, ставање во кревет, излегување од соба. Никогаш на прво плачење не сум трчала во соба зошто знам дека не им е ништо (најадени се, пресоблечени, здрави) па плачат од што нејќат да лежат. Значи така ги учев да не плачат за без врска. Секогаш ги ставав во исто време на спиење и никогаш не ги будев за јадење. АД млекото помага да знаеш дека се најадени. Мислам дека ротиделите највеќе грешат што паничат при секој плач на детето и веднаш го подигаат во раце. Јас тоа никогаш не го правев. Дури и кога плачеа од грчеви ги ставав во релаксатор и ги нишкав им зборев ама не ги земав во раце.
|
|
|
|