|
Bethany -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (14.9.2013 13:40:39)
|
Меланија, мислам дека сите новороденчиња се такви, претаат со рацете и нозете, и самите се пробудат така, плус многу чуствува твојата топлина, и веднаш кога го спуштиш во креветчето сетува дека ја нема и се буди. Јас кога ќе имам пак бебе ќе го повивам, имаш на јутјуб видеа, еве едно пример: How to swadle your baby. Пробај така ако сакаш, пребарај низ видеата, лесно да биде повивен, и ќе ја има и топлината, и ќе биде помирен, па со самото тоа и поубаво, помирно ќе спие. Ти викам, следно бебе обавезно така ќе го правам, баш гледав и читав многу родители (не тука) така практикуваат и многу ми држи вода. Така да и кога го спуштиш не би требало веднаш да се разбудува, тоа е едноставно начин да се и самото смири. Бебето во матката беше така, имаше слично чувство на "завитканост" и повивањето ќе му дава исто чувство на сигурност и топлина.
|
|
|
|