cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Мама во 5. недела

calendar-img

Еден од најинтересните знаци на бременоста е постојаната поспаност на идната мајка. Веќе се прозевате? Па што тогаш правите пред компјутер? Право во кревет! За убав сон никогаш не е доста!

Во овој период трудниците можат да се поделат во две групи: во првата група се оние кои воопшто не чувствуваат дека се бремени. Дека нешто се случува им кажува само цртата на тестот за потврдување на бременост и фактот дека нема и нема менструација! Во другата група се сите оние кои веќе знаат што се тоа утрински мачнини, главоболка, променливо расположение, болни гради... и постојана глад или желба за одредена храна. Дозволете си од се по малку, само доколку не е навистина премногу нездраво. Мачнината е една од најчестите знаци, а настанува поради хормонот HCG (Human chorionic gonadotropin) кој се појавува во бременоста. Овој хормон ја поттикнува штитната жлезда да лачи поголема количина на тироксин, кој е задолжен за регулирање на метаболизмот.

И кај двете групи, споменатите почетни сиптоми се нормални, освен што кај втората група почетокот е непријатен за расположението на трудницата. Бидете внимателни доколку знаците на бременост исчезнат неочекувано, тогаш е паметно веднаш да одите на доктор.

Совет: Доколку и ноќе ве боли и стега во градите, купете квалитетен спортски градник кој ќе ги ублажи непријатностите.

Полека подгответе се за првиот гинеколошки преглед. Гинекологот официјално ќе го потврди она што Вие веќе го знаете! Бремена сте!

arrow-img

1. НЕДЕЛА

2. НЕДЕЛА

3. НЕДЕЛА

arrow-img

Бремени сте: 1 недели

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци!

news-img

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци! Иако сеуште не сте бремени, овој датум е важен за да пресметате кога е терминот за породување, затоа запомнете го. Оваа недела веќе се брои како прва недела од бременоста.

arrows-img

Прочитајте повеќе

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img